Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Нов кружен тек, нов мост и други инфраструктурни проекти ќе добие општина Аеродром

Објавено October 1, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на општина Аеродром, на една од најкритичните сообраќајни точки во градот.

-Овде, секојдневно се соочуваме со голема фреквенција на возила, пешаци и ученици од основното училиште „Блаже Конески“. За жал, бројните сообраќајни незгоди што се случуваат токму на ова место, јасно сведочат дека е повеќе од неопходно современо и трајно сообраќајно решение. Креирајќи ја програмата за Град Скопје, безбедноста на граѓаните ја поставивме како нејзин главен приоритет. Секој проект што го предвидовме има двоен ефект: подобрување на протокот на возила и истовремено намалување на брзината на возилата, со што директно ја зголемуваме сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Токму затоа, еден од првите проекти што ви ги претставувам како дел од мојата програма е редизајнот на ова вкрстување меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“ со улиците „Руди Чаевац“ и „Симеон Кавракиров“. Оваа точка ќе ја решиме со проектирање на модерен кружен тек, според највисоки европски стандарди- со безбедносни острови, јасна сигнализација, уредени пешачки премини и оптимизирани пристапи. Така ќе обезбедиме побезбедно, побрзо и поефикасно движење за сите, истакна тој.

Посочи дека овој кружен тек е еден од оние кои се интегрирани во концептот за редизајн на 50 критични крстосници и улици.

-Тој концепт, кој до 2030 година треба да биде целосно реализиран, има за цел да го доведе Скопје до визијата „нула фатални несреќи“. Редизајнот на критичните точки, воведувањето кружни текови, подигнати премини и визуелни ограничувачи ќе ја намалат брзината, ќе ја зголемат видливоста и ќе создадат град во кој сигурноста е приоритет. Во таа насока, посебно значаен е проектот за целосна изградба на Булеварот АСНОМ. Со негова реализација, конечно ќе се воспостави долгорочното поврзување меѓу општините Аеродром и Гази Баба преку веќе изграден мост „Михаило Апостолски“. Во првата фаза, со фер и законско решавање на експропријацијата, ќе се овозможи поврзување со булеварот „Александар Македонски“, со отворање на нов, директен сообраќаен правец. Потоа, ќе следи втора фаза на проектот, со кој, преку детална проверка и можност за репроектирање на трасата кон „Ист Гејт“, ќе овозможиме рационално и правично надминување на имотно-правните предизвици. Ова ќе значи побрзи излези, растоварен сообраќај и подобар квалитет на живеењето за илјадници граѓани, рече Ѓорѓиевски.

Тој информираше за еден од капиталните инфраструктурни зафати за градот-продолжувањето на булеварот „Февруарски поход“, односно “последна петка” со нов мост преку реката Вардар, кој директно ќе се поврзе со улицата „Перо Наков“.

-Со оваа интервенција ќе се создаде нова, моќна сообраќајна оска што ќе ги обедини општините Аеродром и Гази Баба, ќе ги интегрира индустриските капацитети и јавниот превоз , ќе ја подобри мобилноста и ќе овозможи рамномерен развој на источниот и западниот дел од градот. Сите овие проекти – кружните текови, безбедните крстосници, продолжувањето на булеварите и изградбата на нов мост – не се само проекти за Аеродром, туку се проекти за цело Скопје. Моја визија е Скопје да стане град во кој секое дете безбедно стигнува до училиште, секој возач безбедно пристигнува дома, а секој граѓанин живее во средина со современа инфраструктура и европски стандарди, рече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот го одложи судењето, Штекли добил епилептичен напад
Следна Статија Шукова: За 15 месеци, 15 нови паркови во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски и бара Министерството за внатрешни…

November 23, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?