Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја работам со граѓаните и ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја работам со граѓаните и ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја работам со граѓаните и ќе дадам се од себе за победа уште во првиот круг во Град Скопје

Објавено July 9, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за програмата со која ќе настапи на локалните избори и потенцираше дека програмата ќе биде создадена од граѓаните кои ги очекуваат промените во градот Скопје.

-Уште по првиот ден кога мојата политичката партија, претседателот Христијан Мицкоски како и Извршниот комитет ми ја дадоа довербата и поддршката започнав со теренски посети. Ги посетив општина Бутел, општина Гази Баба и продолжуваме секојдневно со останатите општини во градот. Верувам во силна победа и давам се од себе да што побрзо биде готова програмата. Јас не планирам програмата да ја составувам канцелариски и сметам дека најправилниот начин е програмата да биде создадена токму од граѓаните кои ќе ги очекуваат промените во градот Скопје, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски во текот на своето гостување објасни зошто е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје и додаде дека ќе даде се од себе ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот круг победи во градот Скопје.

-За сите нас е многу важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во градот Скопје, затоа што еве пример кога бевме во Гази Баба еден граѓанин рече секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, а кога ќе дојдат овие другите се растура. Значи верувам во силна поддршка од страна на граѓаните и ќе дадам се од себе таа поддршка се валоризира и да имаме сериозна победа во првиот круг за градот Скопје, кажа тој.

Ѓорѓиевски укажа дека сето ова се должни на се она што тој и неговиот тим сработиле во овие 4 години за општината Кисела Вода односно станува збор за реализација на куп проекти кои ги реализирале.

-Одлуката за јас да бидам кандидат за град Скопје влијаеше и сето она што јас и мојот тим го направивме во овие 4 години во Кисела Вода. Ние имаме реализација на еден сет на проекти кој никој не замислувал во минатото дека ќе дојдат на дневен ред, а камоли да се реализираат. Мене сите добро ме знаат дека не се откажувам пред предизвикот и очекуваат истото да се рефлектира и во градот Скопје односно нема да бидам човек кој ќе биде во канцеларијата и недостапен за граѓаните, туку сосема спротивно, ќе бидам постојано на терен и со граѓаните, порача Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски порача:

-Оние кои добро ме знаат, знаат дека сето ова го правам за да оставам нешто позади себе и по нешта по кои ќе ме паметат. Можам исто така да кажам дека ова е една од најголемите и најзначајните битки во животот и сум спремен максимално да се вложам, ќе дадам максимално ова го искористам во интерес на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Непријатен момент на аеродромот во Лондон: Брижит Макрон ја одби раката на сопругот при излегување од авионот (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) 728 дронови лансирани врз Украина, Зеленски: Уште еден доказ дека се потребни санкции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно. Одговорот е руинирани институции, корупција…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: СДС се заплетка и призна дека го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите во романското МНР, најави дека ќе тужи за клевета

Амбасадорот во Романија Андреј Жерновски, демантира дека не ги предал акредитивите за амбасадор во Букурешт, откако вчера на прес-конференција шефот…

November 13, 2024
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека барањето за целосна декласификација на документите предизвикало паника и нервоза кај власта, која…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?