Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јакимовски ќе треба да лежи 7 месеци во затворот во ,,Шутка”, бидејќи 5 месеци помина во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јакимовски ќе треба да лежи 7 месеци во затворот во ,,Шутка”, бидејќи 5 месеци помина во притвор
ХРОНИКА

Јакимовски ќе треба да лежи 7 месеци во затворот во ,,Шутка”, бидејќи 5 месеци помина во притвор

Објавено June 9, 2026 16:43
Сподели
Сподели

Денеска од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната.

-Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19.03.2019 год до 15.08.2019 година, информираат од судот.

Оттаму додаваат и дека за еден дел од предметот, судењето се враќа од почеток.

-Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година, појаснија од судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aмерикански хеликоптер „Апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец
Следна Статија Дискриминацијата на бремените жени се уште е проблем: Поради мајчинството, остануваат без работа ако се на договор на дело

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано…

June 8, 2026
ХРОНИКА

Истрага по пронајдено тело во близина на железничка пруга во Либертивил

Метра потврдува дека лицето не е удрено од воз

January 4, 2026
ХРОНИКА

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски…

March 7, 2026
ХРОНИКА

Рашковски фатен на граничен премин со 20.000 евра во кеш

Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата , Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?