Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дискриминацијата на бремените жени се уште е проблем: Поради мајчинството, остануваат без работа ако се на договор на дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дискриминацијата на бремените жени се уште е проблем: Поради мајчинството, остануваат без работа ако се на договор на дело
ЕКОНОМИЈА

Дискриминацијата на бремените жени се уште е проблем: Поради мајчинството, остануваат без работа ако се на договор на дело

Објавено June 9, 2026 16:03
Сподели
Сподели

Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат во Сојузот на синдикатите на Македонија. Сегашните процедури за докажување на ваквите случаи се компицирани. Потребни се јасни насоки за чекорите што треба да ги преземе жената доколку биде вознемирувана на работното место или е дискриминирана – беше истакнато на конференцијата „Жените, трудот и социјалната правда“, што се одржа денеска во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) преку Секцијата на жените на ССМ и во партнерство со Фондацијата „Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје“.

На конференцијата беше укажано на потребата да се подобрат правата при родителство бидејќи, поради мајчинството, жените остануваат без работа доколку се ангажирани со договори на определено време. Загрижувачки е, посочија учесниците, и проблемот со разликите во платите што изнесуваат од 20 до 30 проценти.

– Жената е во незавидна состојба и положба и треба да се избориме за подобрување на правата. Се соочуваат со сексуално вознемирување, дискриминација, мобинг. Законите се децидни, но имаме проблем со имплементацијата. Потребна е алатка, односно правец за една жена, доколку се чувствува вознемирено или дискриминирано на работа, кои се следните чекори за докажување на тоа, како да се справи и кому да му се обрати. Кај нас во законите забранети се дискриминација и вознемирување, но проблемот е како да се применува во реалност кога ќе ви се случи тоа – изјави Ивана Димитрова, претседателка на Секцијата на жените при ССМ.

Во контекст на подобрување на правата при родителството, истакна дека мајките при породилните отсуства не треба да добиваат откази и оти тоа треба да се внесе во колективните договори.

– Работодавачите го користат договорот на определено време, доколку некоја жена е бремена, да ѝ го прекинат работниот ангажман со образложение дека истекол договорот, а не поради мајчинството и таа останува буквално на улица. Таква е практиката, сакаме да се избориме, да најдеме начин да ги заштитиме и овие жени, да не се случува ова повеќе. Да се дорегулира тоа за да не може ова да ѝ се случува на жената што очекува принова – појасни Димитрова.

Таа најави дека Сојузот на синдикатите на Македонија планира да реализира кампањи за еднаквост на платите меѓу мажите и жените. Како што укажа, во зависност од професијата разликата во платите за иста позиција меѓу маж и жена изнесува од 20 до 30 проценти.

Димитрова истакна дека жените се застапени со 40-ина проценти во Сојузот на синдикатите на Македонија и им е овозможено правото да бидат синдикален лидер за разлика, како што рече, од други синдикални организации, каде што не може да напредува во својата кариерата.

– Иако има многу предизвици со кои се соочува, сепак ние како Секција на жените успешно се бориме и се трудиме да ги оствариме нашите права. Од 18 грански синдикати во Сојузот на синдикатите на Македонија, имаме три претседателки. Нашата желба како Секција на жените во овој Сојуз е во иднина оваа бројка да се зголеми и можеби еден убав ден на раководната позиција на Сојузот на синдикатите на Македонија да застане жена – рече Ивана Димитрова, претседателка на Секцијата на жените при ССМ.

За да се биде синдикален лидер, вели таа, првенствено треба да имате доволно храброст да се борите за правата на работниците, кои се соочуваат со разни прекршувања на правата од работниот однос. Исто така, на каков начин се справувате со тоа и како може да работите на подобрувањето на преостанатите права за еден работник да се чувствува и безбедно и пријатно на своето работно место, да заработува доволно да сака да учествува во работниот процес.

До ССМ, како што рече претседателот Слободан Трендафилов, пристигнуваат пријави од жени за физичко и сексуално вознемирување на работното место од страна на нивни колеги.

– До нас пристигнуваат пријави за мобинг на работното место. Нешто што не смее да биде, нешто што не смее да биде наша сегашност, туку треба да биде оставено во минатото. За жал, Законот за мобинг не нуди достапна заштита на работното место. Има комплицирани процедури, кои треба да се запазат, да докажувате, да обезбедувате докази и слично. Само заедно можеме да се избориме за нашите, за вашите и за работничките права – рече Трендафилов.

Според Трендафилов, во ССМ се прават напори во рамките на органите на одлучување жените да имаат 50 проценти застапеност, со можност тој процент да се зголемува и не само како нешто што е гарантирано со синдикалните акти и правила.

– За жал, нашите колеги во Европа се борат да имаат застапеност од 20 или 30 проценти во одредени држави, дури и претседателите или претседателките на секциите на жени немаат право да одлучуваат, немаат право да носат одлуки во интерес на работниците. Тоа во Македонија во ССМ веќе е искоренето. Рамноправно одлучуваме и на рамноправна основа дебатираме и, се разбира, еднакво протестираме и штрајкуваме – рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

 

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јакимовски ќе треба да лежи 7 месеци во затворот во ,,Шутка”, бидејќи 5 месеци помина во притвор
Следна Статија Тело во распаѓање покрај Лепенец, пронајдена и картичка од автобус со име

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави синоќа премиерот Христијан…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов ја презеде функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот заменик-претседател Лирим Сулејмани.…

April 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Македонија, започнувајќи од 1 јули 2025 година. Во…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во прашање се денови кога ќе се пушти пругата кон Бугарија во должина од 30 км, вели Николоски

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?