Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки

Објавено September 1, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Започнуваат едукациите за професорите, кои од вториот семестар во секој наставен предмет ќе ја имплементираат и ќе ги обучуваат учениците за вештачката интелигенција.

Во моментов ќе се едуцира репрезентативен примерок на професори од едно училиште, по што овие професори понатаму ќе треба да ја прошират мрежата за едуцирање на професорите, објави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска од Општина Кисела Вода, каде што одговараше на прашања, за тоа како ќе се применува вештачката интелигенција и како ќе се едуцираат учениците.

“Ќе ја воведуваме во сите предмети и ќе зависи од наставникот, колку и какви алатки ќе користи, дури и таму, ако се сеќавате, се зборуваше деновиве е предвидена за индивидуална настава на учениците и верувам дека наставниците ќе почнат, така да ја користат.”

Но, претходно образувајќи ги учениците, кои се предностите, кои се негативностите од вештачката интелигенција. “Значи откако ќе се спроведат базичните информации и учениците ќе стекнат базични знаења ќе продолжиме, со постепено воведување на вештачката интелигенција во сите предмети”, изјави Јаневска.

Таа потенцираше дека, сепак, од професорот ќе зависи и треба да процени како и со кои ученици ќе работи. “Затоа јас постојано велам наставникот има клучна улога во образовниот систем. Тој мора да биде почитуван. Наставникот мора да го добие своето вистинско место во општеството, за да можеме да спроведуваме соодветен образовен процес”, изјави Јаневска.

Таа надополни дека вештачката интелигенција веќе се користи од страна на учениците и како што рече “би рекла неконтролирано”. “Би сакала да им порачам на родителите дека овој процес ќе биде строго контролиран и благодарам на професорите од Факултетот за информатика на УГД, кои направија прекрасен прирачник, во кој се опишани и предностите, но и предизвиците со коишто би можеле да се соочат наставниците и учениците. Секако многу од тој прирачник, кога станува збор за учениците е посветено и на етичкиот момент. Значи дали ќе го користат неправилно овој систем или правилно овој систем”, рече Јаневска.

Министерката за образование и наука, Јаневска подвлече дека учениците ќе учат и за безбедност за зачувување на лични податоци и сите други несакани дејствија.

“Обуките моментално почнуваат и мислам дека јас вчера кажав објавен е повикот на Бреинстер за обуки на наставниците. Но, почнуваат и други обуки не само преку Бреинстер. Нема да воведеме и не можеме да ја воведеме нагло, бидејќи ова е почеток. Но, ќе ја воведуваме постепено во сите училишта низ сите предмети и во училишната администрација”, рече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на Геријатрија не чувствува вина за примање мито, иако беа фатени со парите во раце
Следна Статија Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи - Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирми на Заеви и Ахмети вмешани во скандалот со пари од Фондот за иновации?

Интернет потралот ПлусИнфо ги објави дел од имињата на фирмите за кои вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: На средбата Рубио-Муцунски беше нагласена силната врска меѓу САД и Македонија

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?