Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Објавено March 3, 2025 11:16
Сподели
Сподели

Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ , организирана по повод јубилејот.

„Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, посочи Јаневска.
Годинава буџетот на УКИМ е зголемен за 1,5 милијарда денари. Од ланските 2,2 милијарди денари, оваа година достигна 3,7 милијарди денари.

„Сѐ ова покажува дека Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование. Затоа ги зголемивме вложувањата, но секогаш јасно кажувам дека и нашите очекувања од академската фела се големи“, укажа Јаневска.

Тоа значи универзитетските професори да им бидат вистински ментори на студентите, да им помогнат да стекнат што поквалитетни знаења и вештини а паралелно и континуирано да работат на својата научна надоградба и да објавуваат трудови. Јаневска нагласи дека овие критериумите за добивање и задржување на професорската титула на светски признатите универзитети мора да важат и кај нас, ако сакаме и нашите универзитети да се видливи на листите на најдобрите. Тоа, како што кажа, не е само работа на престиж, туку ќе им овозможи на нашите студенти да добијат најдобра подготовка за предизвиците што ги носи утрешнината.

Министерката Јаневска побара заеднички ангажман на сите релевантни чинители за да изградиме високообразовен систем со модерни студиски програми, за да ја интегрираме науката и истражувањата во наставните програми и да ја зајакнеме соработката со академската заедница во земјата и надвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД воведуваат државни резерви во криптовалути
Следна Статија Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Не планираме да ја забраниме употребата на Тик-ток

Опасно е да влеземе во забрана на апликации, како држава што се смета за европска, либерална, демократска и верува во…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици и не дека нема што да кажеме, но ќе оставиме да видиме…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влада: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ, реагираат од владата на Република Македонија. Ресторанските услуги…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најчевска: Јахоски излезе од притвор, обвинителите да си дадат оставка

Професорката Мирјана Најчевска реагира на укинувањето на притворот за газдата на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски и негово заменување за за…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?