Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Државата целосно го финансира учеството на талентираните ученици на меѓународни натпревари

Објавено September 30, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или натпревар, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на конференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици и нивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваа календарска година.

„Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и водена од успесите ваши и на генерациите пред вас, ми беше должност да се заложам, а Владата ми даде поддршка и заедно го решивме предизвикот кој се провлекуваше од минатото и го доведуваше во прашање учеството на македонски претставници на големи меѓународни ученички натпреварувања. Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или натпревар. Поставивме системско решение и повеќе никој нема да има финансиски предизвици за да отпатува и да ја претставува својата земја“, рече Јаневска.

На Меѓународната олимпијада по хемија што годинава се одржа во Дубаи, македонските ученици освоија по еден сребрен и бронзен медал, како и една пофалница, додека на Меѓународната „Менделеев“ олимпијада во Бело Хоризонте во Бразил освоија два бронзени медали.

„Овие деца се дел од таа генерација во која веруваме дека може да донесе подобри времиња. Затоа што го ценат знаењето, постојано да надградуваат, знаат дека науката е столб на просперитетот и што е најважно – имаат натпреварувачки дух и прифаќаат предизвици што мора да се решат за да се стигне до победата“, рече Јаневска.

Изрази уверување дека министерството ќе продолжи да ги унапредува политиките за поддршка на талентираните ученици и студенти, да доделува стипендии, парични награди и да вложува во младите научници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик
Следна Статија Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Екс функционери го пустошеле буџетот на граѓаните- Тошковски изнесе детали

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден загина Никола Карев

-Во октомври 1903 година, Главниот штаб на Битолскиот револуцинерен округ издал наредба за официјалното прекинување на Илинденското востание и распуштање…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЗЕМАЛ 50 ИЛЈАДИ ЕВРА ДА ВЛИЈАЕ КАЈ СУДИЈА: Обвинителството поднесе обвинение против Фехми Стафа

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против Фехми Стафа, осомничен за кривично дело „примање…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет

Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет. Владите на СДСМ не направија ништо што ја загрозува…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?