Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за продавањето ваучери: Ваучерите беа ветени, останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив

Објавено November 19, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.

-Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка и така натаму. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите, одговори Јаневска на новинарско прашање за време на одбележување 70 години постоење на Државното средно училиште со ресурсен центар – „Партенија Зографски“ во Скопје.

Надлежните информираа дека ќе се доделуваат вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

– Повикот е објавен и може да се аплицира преку порталот uslugi.gov.mk, најдоцна до 20.12.2025 година. Ги повикувам студентите да се пријават и да го остварат своето право, повика таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Будно ќе го следиме судењето за „Пулс“, нема да дозволиме прикривање на вистината
Следна Статија (ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД Ангела Агелер изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ПРИФАТИЛЕ ЛАЖНА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА – уапсени петмина вработени во Министерство за финансии, како и сопственик на фирма

Шест лица добија кривични пријави од МВР поради здружено манипулирање со документација која му овозможила на едно од лицата, сопственик…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посетителката на ЗОО Скопје која беше тестирана, нема птичји грип

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Нунес, Битов, Галина и Павловски: Можност за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е единствен лидер од Балканот кој присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, остварил средба со Девин…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?