Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени

Објавено June 24, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Квалификациско тестирање е по закон и е предвидено со Конкурсот за упис на ученици, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции на родители дека во средното училиште „Геогри Димитров“ во Скопје било спроведено „вонредно тестирање“ за прием на ученици во прва година во учебната 2025/2026 година.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска рече дека родителите и учениците треба да знаат за она што е предвидено со конкурсот – квалификациско тестирање кога има повеќе заинтересирани кандидати отколку што има слободни места, доколку сите имаат еднаков успех од завршеното основно образование.

Притоа посочи дека проблем во државава е оценувањето и успехот со сите петки и дека често наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“. Тоа, рече Јаневска, води кон неквалитет во образованието. Порача дека оценувањето треба да се промени, а една од алатките е новината во новиот закон – наставничкиот совет да нема надлежност за поправање оценки.

Наставниците и родителите треба да се свесни дека има реално рангирање на знаењето. Тие што имаат знаење, ќе бидат запишани, тие што ќе бидат со помалку бодови имаат шанса на второто пријавување на 30 јуни да се запишат во средно таму каде што има слободни места – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на панел-дискусија по повод една година од мандатот на оваа Влада.

Според информациите што ги има, рече, немало пријава или жалба за квалификациското тестирање во „Георги Димитров“ кое, исто така, било спроведено уште во едно средно училиште во Скопје.

Вчера сите пристапиле на испитот, немало никакви проблеми и немаше пријава или жалба за спроведувањето. Колку што ми е познато, сношти во рок се објавени резултатите – додаде министерката за образование и наука.

Прашана дали во нашиот образовен систем може да се воведе хоум скулинг како начин на настава. Јаневска одговори дека во овој момент нема реални можности ниту потреба да се спроведе, освен за деца за кои е неопходно, за што МОН подготвува проект кој наскоро ќе го промовира.

Затоа што кризата во короната покажа дека нашите ученици, родители и помал број наставници не се спремни за такво нешто, за онлајн настава нема ни услови во домот, ниту нашите наставници се обучени – рече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа
Следна Статија Петар Богојески од еразмус оди на друга владина функција, го надградил коалицискиот договор со Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство

Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста,…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Денес, 13 ноември, Скопје одбележува 81 година од своето ослободување – еден од најзначајните датуми во историјата на македонската престолнина.…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професорот Трајковски со анализа: БРТ може да биде проблематичен за Скопје, градот е двојно нараснат

Како да се реши сообраќајниот хаос во Скопје без да се уништи градот? Одговор на прашањето дава професорот Дејан Трајковски…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?