Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска најави „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска најави „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови

Објавено December 29, 2025 17:05
Сподели
Сподели

Министерката за образование Весна Јаневска, најави нов софтвер со кој ќе се откриваат препишани трудови, и најави т.н. „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите несоодветни трудови, затоа што на различни универзитети поминуваат магистратури и докторати кои се на ниво на ученички трудови.

„Кога некој на оглас пишува дека изработува магистарска за 300 евра, е работа на полиција и инспекција. Ги земаме добрите практики од таму каде што постојат. Тоа е првиот чекор. Вториот чекор е за кој треба малку време е магистерските и докторатите што ќе се работат да одат на оглас за студенти. Тоа го има на Универзитеотт во Антверпен и некои други. Но, кај нас вообичаено е менторите да ја нудат темата. Иако има студенти кои доаѓаат со одредени теми, не секогаш може да се изведат. о, добрите пракси и за иновации на големи познати универзитет велат дека Министерството, Фондот, оддел за наука, како и да се вика објавува огласи за тоа што и е потребно на земјата. Од областа на медицина на пример развивање на нов лек, во областа на технологиите развивање на некаков софтвер. Тие го објавуваат огласот, финанасираат, а студентите и професорите се јавуваат. Тоа би бил сериозен втор чекор откако ќе го направиме првиот, оти јас реално кажувам не може да се стигне сѐ, премногу фронтови отворивме“, изјави Јаневска.

Таа објасни дека платформата „плагијати.мк“ функционира, но и тоа мора да се подобри затоа што е стар софтверот.

„Дополнително воведуваме и вештачка интелигенција по што и тој процес ќе се олесни. Плагијати.мк си течат како посебно. Се зборува дека на разни универзитети и разни факултети минуваат магистарски и докторати кои се на пониско ниво, и ќе ги објавиме. Тогаш, академската заедница, ќе може да критикуваат тие што треба да критикуваат или да се правдаат. Мене би ми било срам да ставам потпис на нешто што не е вредно. Има и такви. Кога се ќе биде јавно, ќе почнат и поинаку да се однесуваат, во тоа сум убедена“, вели Јаневска.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме
Следна Статија Мицкоски: Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Мицкоски: Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово

Премиерот Христијан Мицкоски, за ТВ21 изјави дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице ја напуштил земјава…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за да утврдат…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши со осуда за вчерашното насилство и дивеење

Во врска со последните настани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЦУК ја презема контролата врз воздушните потраги и спасување од 1 февруари

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?