Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од март платите на наставниците се зголемуваат за 7 проценти

Објавено February 20, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.

-Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел одпрашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна, изјави Јаневска, напоменувајќи дека целта на Владата е да обезбеди долгорочна економска сигурност на вработените во училиштата и затоа е предвиден раст на платите за најмалку 46 проценти, а најмногу до 60 отсто до 2028 година, зависно од степенот на инфлација.

Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија К-15 – Toso i Cacko na bazen
Следна Статија Приватизирал земјишта без да ги прати до Државното правобранителство – сам удирал печати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни четири пожари, под контрола три

На ден 13.07.2025 година, до 12:15 часот, вкупно пожари на отворен простор се 14, информираат од ЦУК. Активни: 4Локализирани: 2Под…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници, вели директорот на Дирекцијата…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?