Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска потврди: Затворен Факултетот за бизнис и економија, контролите на образовните институции продолжуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска потврди: Затворен Факултетот за бизнис и економија, контролите на образовните институции продолжуваат
МАКЕДОНИЈА

Јаневска потврди: Затворен Факултетот за бизнис и економија, контролите на образовните институции продолжуваат

Објавено September 24, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска потврди дека Факултетот за бизнис и економија е затворен.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека високо образовната установа – висока школа наречена Факултет за бизнис и економија постои од 2011 година и релативно добро функционира до 2022 година кога се менува сопственичката структура на факултетот.

-Тогаш почнуваат проблемите во високата стручна школа. Најавував дека мора да се подигне квалитетот во високото образование, МОН формираше комисија и направи увид во оваа институција и утврдивме бројни неправилности. Од кадар од опременост, им дадовме еден месец рок да ги поправат неправилностите, но бидејќи тие воопшто не реагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности, се обративме до Агенција за квалитет во високо образование, која потврди дека овој таканаречен факултет е нефункционален и според законот ние вчера издадовме решение за привремен престанок за работа на оваа високо образовна установа, истакна Јаневска.

Министерката потврди дека постојат и други високо образовани институции каде се регистрирани неправилности во работењето.

-Превземаме мерки. За два дена започнуваат изборите и во овој период одредени активности се забранети. Но, по изборите активно продолжуваме. Затворивме 14 приватни универзитети, а ова е првата приватна високообразовна установа која нема повеќе да работи. Се надевам дека по урнекот на приватните универзитети, бидејќи дел од нив кога видоа дека контролиме и сами одлучија да се затворат, и високообразовните установи кои навистина не исполнуваат услови сами ќе пристапат кон процес на затворање, ако не ние ќе ги затвориме, децидна е министерката за образование.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 % поголема од јули 2024 година
Следна Статија Мицкоски: Ќе има одговорност со име и презиме за хаосот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Боки 13 ја напушта наградната игра со Стефан Лазаров – му се влошила здравствената состојба

Откако Управата за Јавни Приходи синоќа влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што без дозвола од…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гужва на Блаце – пренасочен товарниот сообраќај

Денеска во 15.10 часот кај бензиска пумпа Дизел Петрол товарниот сообраќај е пренасочен према ГП Блаце поради гужва на преминот,…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем ги повикувам да се пријават

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци,…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?