Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Проблемот се „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите

Објавено November 30, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво на своите деца, а потоа и на целото општество, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во одговор на новинарко прашање за надминување на проблемот со влијанието на родителите во оценувањето на децата.

Според министерката, послабата оценка не е казна, туку треба да биде мотив за постигнување на одредени компетенции, вештини и квантум на знаење кој ќе му помогнат во животот на детето.

-Ако тое е задоволно од својот труд, од своите постигнувања ќе биде задоволно и целото општество, иако тоа е масовна појава. Има неколку мерки кои досега сме ги презеле-на пример со Е-дневникот, со разни програми со кои се обидуваме да влијаеме на разни стереотипи и предрасуди и ќе продолжиме во ист правец, рече Јаневска.

На уште едно новинарско прашање за потребата од воведување на приемен испит на факултетите, министерката Јаневска рече дека не е забрането да се одржуваат приемни испити на факултетите и тие сами можат да донесат одлука за такви нешто.

-На пример, на Архиотектонскиот факултет се одвива некаква претквалификација, дури и обука за испит, меѓутоа според ЕУ , а и нашиот систем кој сега ние го направивме, децата имаат матура и неправедно е да имаат две скалила на елиминација во нивното напредување во високото образование, смета Јаневска.

Додаде дека е направена измена на матурата според барање на учениците и наставниците и е одвоена државната стручна матура од државната матура која фактички е гимназиска.

-Зошто? Бидејќи, децата во стручните школи имаат помал обем на општо образовни предмети, а оние што се во гимназија имаат повеќе. Тие ќе бидат на исто ниво, двете ќе бидат државни матури и ќе имаат проодност кон високото образование, па и она што јас не сакам да го кажам, но има и такви случаи и за образование во странство. Но, материјалот од општо образовните предмети ги полагаат децата од стручното ќе биде прилагоден на нивните наставни планови и програми, посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска која денеска во Струмица присуствуваше и се обрати на петтиот панел од националната кампања „Магијата е знаењето“ на Министерството за образование и наука.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ
Следна Статија Ова овошје е најдобриот начин да го зајакнете вашиот имунолошки систем кога имате настинка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите во Виница

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Маршот на ангелите“, кој се организира во спомен на загинатите во пожарот…

May 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Под мотото „Ангел си ти“ фановите во Крушево го одбележаа 44-от роденден на Тоше Проески

Под мотото „Ангел си ти“ фановите од Македонија, од Србија, Хрватска, од Бугарија во Спомен-куќата за Тоше, во Крушево го…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата објави повик за закуп на „Македонско село“, комплексот ќе се издава на 15 години, од 1 јуни почнува со работа

Владата денеска објави оглас за изнајмување на комплексот „Македонско село“ во скопско Нерези. Комплексот ќе се издаде на идните закупци…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: Со Академијата за јавна администрација ќе поставиме нови стандарди во јавната служба

Со формирањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници за прв пат во историјата на државата, системски…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?