Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба
МАКЕДОНИЈА

Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба

Објавено August 11, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Неколку пати го изгледав и ислушав гостувањето на суспендираниот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи, минатата недела кај Бетмен. Му барав слаби точки, погрешен говор на телото, пропусти, ненамерни или намерни правни и човечки грешки. Ништо од тоа.

А, неверојатно е тоа што човеков го кажува. Докажан криминал, докажани фалсификати и – никому ништо. Клуч на се’, во неговиот случај, очигледно, е жебата на обвинителската тајфа од пет отсто да ги заштити тие од бившото СЈО и нивните 4,6 милиони евра бонуси. И да ја зачува тезгата што ја држи во сегашното ЈО. Да владее и да ја тресе Македонија. Супер. И се си останува така, како што е. Како никому ништо да не било.

А, ако ова помине вака, ако тие од СЈО останат недопрени, не знам зошто некој би очекувал од било кој обвинител, од било кој судија, да постапува професионално. Ние всушност, во телото на македонското општество го внесовме КОВИД вирусот, неговата најопасна и највирулента варијанта, и му рековме – слободно размножувај се. Додека не го убиеш човекот. Додека не му создадеш такви инфекции и таков масивен напад со тромбови, што ќе нема шанси да преживее ни 24 часа. Истото ќе се случи и со Македонија. Тој вирус од СЈО, доколку не биде уништен, тој ќе го опфати целиот обвинителско-судски систем, а според Хајрулахи кој не е било кој, тоа веќе се случило, и на крај, ќе ја уништи целата држава. Ќе и го одземе здивот, ќе и ги уништи белите дробови, потоа срцето и конечно, во финалната фаза, ќе го зафати и мозокот. А потоа следат гробарите и нивните лопати, пешкири за нив преку рамото и по некое благо или чаша сок, фрлено парче земја врз ковчегот и толку! Збогум!

Во меѓувреме, бадијала ќе градиме болници, ќе купуваме апарати, ќе правиме патишта..,. се ќе отиде во неповрат.

Стотици луѓе кои ги знам, кои со денови не се прибрале дома, кои работат од утро до мрак, и за себе и за оние 80 отсто легачи кои ги интересира единствено кога нивната неработа ќе биде наградена со повисока плата, тие луѓе кои неуморно работат само и само за да се крене оваа држава на нозе, што оди неверојатно тешко, сите тие ќе можат конечно да здивнат.

Ќе нема за што да се борат. Ќе нема држава. Ќе има измачен народ, оставена на цедило и во раце на една структура која не ја интересира ништо друго освен сопствен бенефит.

Мојот пристап, кој досега јавно, сто пати сум го кажал и повторил, беше дека ова требаше да се реши уште првиот ден, лани по формирањето на новата Влада. Зошто не беше така постапено – не знам. Врескања дека власта го партизира ЈО и судството, дека ги става под своја капа, дека создава режим… имало и ќе има. Со тоа треба да се помират тие што носат одлуки. И затоа, ова треба да се реши уште првиот ден по завршување на локалните избори. За граѓаните да знаат дека работите се движат кон крајот на тунелот. Дека нема д абидат оставени на цедило. Доволни им се маките што и без тоа ги имаат.

Впрочем, тајна ли е дека СЈО немаше за цел некакво гонење на криминалот на функционерите од тогашната Влада на Груевски и воопшто на организираниот криминал во државата, туку имаше за цел да се создаде простор за инсталирање на Заев на власт и потоа за смена на името на државата? Тие, таа бланко дозвола да прават што сакаат, само ако придонесат за смена на името, ја искористија за рекет и уцени, за изблик на најниските страсти што еден човек може да ги има, во полза на агендата за која беа измислени, а потоа и во сопствена полза. И наместо за предавството во кое учестуваа да одговараат, тие денес и натаму се „бели мечки“.

Во спротивно, ако тие не бидат решени, едноставо ќе ја нема Македонија. Еден од затворените за фалсификуваниот случај за „27 април“ ми вели дека без оглед на се, утре да пукне, тој пак ќе отиде да ја брани Македонија. Прв. И повторува – без оглед на се. Ќе ја земе пушката и ќе оди. Му велам, за што? Не ми е гајле вели, Македонија е една и моја.

И тие луѓе, тој обвинителско судски систем и натаму ги држи в затвор. Очебиен фалсификат кој трае осум години – и никому ништо. А, правно, случајот е чист обвинителско-судски криминал, нешто што сум го објаснувал многу пати. Со пишан збор, на ТВ… секаде каде ќе стигнев. Точка по точка, елемент по елемент на членот 313 од КЗ, запирка по запирка. Нема потреба да повторувам и да ламентирам над такво нешто одново. Чист правен случај, врз основа на кој, заедно со бонусите на СЈО, заедно со самото игнорирање на Уставниот суд дека постоел еден пара-обвинителски орган во судскиот систем, три нешта што се доволни за да се преврти државата наопаку ако треба, да се истресе целиот тој систем, сеедно што Уставниот суд формално е надвор од него и да се создаде нов.

Впрочем, не мора нов. Имаше еден на времето, на презимето се сеќавам – Вучуревиќ, кој на забелешката дека ако се бомбардира Дубровник ќе бидат уништени и историските споменици, рече: „Ако, ќе изградиме нов, поубав и постар Дубровник!“. Ние не треба да го бомбардираме обвинителството и судството. Се што треба е да ги исчистиме од канцерогените клетки. И толку.

И кога сум веќе кај канцерогените клетки и гледањето интервјуа – одново го преслушав и интервјуто на д-р Патрик Сун-Шионг со Такер Карлсон. И ќе го повторам тоа што напишав пред две недели – човекот ја има вакцината за ракот. Мало поктожно боцнување со неговиот БиоШилд и имате лек и заштита која кај заболените на мочниот меур трае 17 години.

Се разбира, не е се така едноставно како во овие редови. Прво треба да ги изложите болните клетки, потоа да ги активирате природните клетки убијци и Т-клетките, па да се смета дека работата е завршена. Но, лекот, или вакцината, како сакате, постои. И пратете го Алиу, задолжете го, покренете ги сите врски што ги имате – најдете го човекот и одете кај него. Потоа донесете го тука, ако успеете да го измолите.

Во интервјуто, тој вели дека бил на мисла да оди во Индија и бесплатно да им ја даде вакцината. Сега се надева на Трамп и на неговата администрација. Но решението го има. А ние треба да му влеземе во видокругот. Направете го тоа, а потоа останете на власт и 20 години.

Фејзбук статус на Дарко ЈАНЕВСКИ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати
Следна Статија Барди со гол дебитираше за Коњаспор (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗА ФРОСИНА: Голем протест денес во 17 часот на „Партизанска“

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓани оддaваат почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Вашингтон: Македонија на фронтот против илегалната миграција и силна поддршка за Трамп

Мицкоски истакна дека Македонија е на „линијата на фронтот“ во борбата против илегалната миграција, потенцирајќи дека неговата влада е посветена…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Од 23 објекти со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева со д-р Игор Мерџановски и…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?