Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

Објавено October 31, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, денеска оствари работна посета на СВР Тетово, каде што одржа средба со раководството на Регионалниот сектор.

На средбата, директорот Јанев беше детално информиран за оперативните планови, поставеноста на службите и начинот на кој ќе се обезбедува јавната безбедност во регионот во наредниот период, како и на денот на вториот круг од локалните избори. Разговарано беше и за напредокот во расветлувањето на случајот со разбојништвото во златарница во Гостивар.

Притоа беше заеднички констатирано дека безбедносната состојба во регионот е стабилна и дека сите полициски активности се насочени кон превенција и обезбедување на слободно, мирно и достоинствено изразување на демократското право на граѓаните – правото на глас.

Јанев нагласи дека полицијата нема да толерира никаква форма на насилство, притисок или незаконско постапување, и дека секој што ќе се обиде да го наруши јавниот ред, интегритетот на изборниот процес или безбедносните стандарди, ќе се соочи со брза, професионална и одлучна реакција на полицијата.

Во регионот на Тетово, покрај физичкото статично и мобилно полициско присуство, безбедноста дополнително ќе биде засилена со современи технички средства – преку камерите од системот „Безбеден град“, како и со воздушен мониторинг со дронови.

Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, останува целосно посветено на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес, како и на заштитата на јавниот ред и сигурноста на сите граѓани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска
Следна Статија ,,Наместо преполни гробиштата со храна, да се нахрани некој што е гладен“ – апелираат свештениците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: За десетина дена треба да заврши истрагата за случајот во Кочани, распрашани над 300 лица

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втор екстерен испит од државната матура, најмногу пријавени за тестот по англиски јазик

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е по нивни избор. Според податоците на Државниот…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриени нови уникатини камени гробници на Маркови Кули

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?