Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанев: Поединци со години без морал и достоинство ја злоупотребувале јавната служба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јанев: Поединци со години без морал и достоинство ја злоупотребувале јавната служба
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Поединци со години без морал и достоинство ја злоупотребувале јавната служба

Објавено April 24, 2025 18:06
Сподели
Сподели

Задача и должност ни е да ја вратиме довербата во институциите и честа на системот, дециден е директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по најновата спроведена акција.

-Во текот на вчерашниот ден, успешно реализиравме нов случај на незаконско, коруптивно и несовесно работење од страна на лица од здравствениот сектор и други приватни дејности. Откривме мрежа составена од поединци кои со години ја злоупотребувале јавната служба, без морал и достоинство, преку фалсификување документи, дијагнози, мислења и вештачења. На тој начин, овозможиле луѓе кои не ги исполнувале условите да добијат државна помош – било тоа за исплата на парични средства за туѓа нега или инвалидска пензија. Без никаква емпатија кон вистински загрозените категории на граѓани со реални проблеми и исправна документација, овие лица ги злоупотребувале јавните фондови. Парите од буџетот на државата, кои се генерирани преку трудот и даноците на чесните граѓани на Македонија, завршиле во раце на оние кои не ги заслужувале, додека самите членови на мрежата се збогатувале на штета на сите нас, нагласува Јанев.

Како прв човек на БЈБ, заедно со мојот тим и со сите чесни полициски службеници, продолжуваме да се бориме против секаков вид на криминал кој ја разединува државата одвнатре, истакнува директорот.

-Нашата порака е едноставна и јасна: Криминалот не е исплатлив. Секој оној што ќе се огреши ќе одговара пред правдата. Ќе продолжиме да ја чистиме државата од овие штетни појави и ќе обезбедиме сигурна и правична иднина за сите, вели Јанев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица
Следна Статија Tea Taировиќ се омажи во венчаница од 18.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за вршител на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, откако претходниот претседател Иван Џолев…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Директорката ги кажа сите детали. Јас немам што да додадам на сето тоа. Ми останува само да ја честитам успешната…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?