Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Објавено March 24, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ 24.

-Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета. Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку сценарија заедно со меѓуресорската комисија којашто е состaвена и од претставници од Министерство за енергетика, Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Тие сценарија се разгледуваат и остануваат одредени таргетирани мерки коишто би можеле да се применат при евентуална можна ескалација на настаните на Блискиот Исток, рече заменик-министерот.

Тој дополни дека во овој момент е активирана оваа мерка, но дека се размислува и на таргетирани мерки.

-Рано е да се прејудицира, но сепак целта е да се зачува животниот стандард на граѓаните. Имаме листа кои цени се зголемени и во кој обем. Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали влезните инпути ја диктираат таа продажна цена или има некои малверзации. Ги чекаме резултатите. Ако има нелогичности во тоа секако ќе се изречат и одредени казни, рече Јанкуловски и истакна дека на дневна основа ќе се следат состојбите и во зависност од извештаите ќе се одлучи дали ќе се оди и кои таргетирани мерки ќе се преземат се со цел да се зачува животниот стандард на граѓаните. При тоа посочи дека проблем со недостиг на горивата нема и дека во наредните 60 дена нема да се случи.

Потенцира дека Владата од почетокот е во комуникација и со бизнис секторот и со енергетските компании и со производителите на храна и дистрибутерите и оти ова не е адхок решение како во 2021 и 2022 година кога инфлацијата годишна беше 14%.

-Оваа Влада од првиот момент на доаѓање максимално е посветена на фискална консолидација и намалување на инфлацијата. Декември ја завршивме со 4,1%, 3,2% во јануари и 2,9% во февруари. Знае оваа Влада што се презеде за да го намали буџетскиот дефицит од една страна, кој е главен параметар за фискалната консолидација, од 4,4% во 2024 година, 4% во 2025 и доколку случувањата нема да ескалираат се надевам и 2026 да ја завршиме со 3,5%. Со тие параметри за финансиска консолидација и финансиска стабилност, зголемување на приходите, заедно со овие мерки што ги преземаме и ќе ги преземаме во иднина за заштита на животниот стандард, ќе го постигнеме она што сме го предвиделе со ревидираната Фискална стратегија, наведе Јанкуловски.

Во гостувањето истакна дека буџетот е ликвиден и дека Владата сериозно е посветена на економскиот раст. Доколку има екстремни случувања, коишто ќе имаат влијание, Владата реално, одговорно и искрено ќе ги изнесе аргументите доколку има корекција на проекциите коишто се планирани за 2026 година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Клиниката за очни болести во Скопје извршени 16 трансплантации на рожница, најмладиот пациент имал 13 години
Следна Статија Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните…

May 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕУ воведува нови правила од 1 јули за возачите на комбиња

Од 1 јули 2026 година стапуваат во сила нови правила на Европската унија кои значително ќе влијаат врз возачите на…

May 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Имале зголемени трошоци: Автошколите со повисоки цени за полагање за возачка дозвола од Б категорија

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?