Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со остар тон распали по некогашното Специјално јавно обвинителство, тврдејќи дека оваа институција наместо правда, испорачувала политички прогон. Според неа, многу од актуелните предмети, вклучително и „Талир“, се застарени токму затоа што обвинителите дејствувале по политички диктат.
„СЈО беа ’црпнати‘ за да дадат одговор кој прислушувал, а тие водеа кадровска политика во партиите и билдаа рејтинзи за изборни цели. Парадираа во судовите како холивудски ѕвезди и си земаа незаконски бонуси, а сега проблем им е Кривичниот законик“, вели Јанкулоска во својата реакција. Таа посочува дека системот е девастиран од правници кои во сè гледале само математика и сервилност кон претходната власт.