Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја задавил сопругата, па тврдел дека му се појавила на сон за да го најде телото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја задавил сопругата, па тврдел дека му се појавила на сон за да го најде телото
ХРОНИКА

Ја задавил сопругата, па тврдел дека му се појавила на сон за да го најде телото

Објавено June 29, 2026 16:33
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека извршил свирепо убиство врз својата сопруга при извршување семејно насилство.

Според информациите од обвинителството, за осомничениот постои сомневање за кривично дело убиство според член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 25 јуни во атарот на скопското село Летевци. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел сопругата од нејзиното работно место, по што ја однел на тешко пристапен терен каде што физички ја нападнал.

„Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне, по што се задушила и починала на лице место“,се наведува во соопштението на ОЈО.

Откако ја убил, тој го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а веќе следниот ден во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната.

За да го прикрие злосторството, осомничениот смислил сценарио. На 27 јуни, на тројца свои познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената бидејќи му се појавила во сон и му ја открила локацијата за да ја спаси. Заедно со познаниците се упатил кон местото каде што претходно го оставил телото, а случајот го пријавиле во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Како главни причини за ова барање се наведуваат опасноста од бегство на осомничениот, влијанието врз сведоци и попречување на истрагата, страв од повторување на кривичното дело.

Од Обвинителството потенцираат дека го имале предвид начинот на извршување на делото, лажното пријавување во полиција и создавањето привидна слика на загрижен сопруг кој активно ја бара сопругата, дела што, според нив, јасно укажуваат на обид да се избегне кривичниот прогон.

Вчера од Министерството за внатрешни работи сопштија дека е приведен 51-годишен маж со престојувалиште во скопското село Таор, поради сомнеж за убиство на 48-годишна жена со која живееле во иста куќа.

Од МВР рекоа дека со С. Г. е извршен службен разговор, а во врска со случајот лишени се од слобода и З. М. (62), Г. Б. (64) и М. Д. (69).

Подоцна и од Обвинителството излегоа со детали за смртта на 48-годишната жена чие тело, во фаза на распаѓање, беше пронајдено во саботата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави нови пруги, локомотиви и патнички возови
Следна Статија Најдобрите природни пијалоци против летен замор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле  двајца иселеници од Дебарско. Станува збор за…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил…

November 7, 2025
ХРОНИКА

Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана

Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот…

February 4, 2026
ХРОНИКА

Со дополнение на доказната постапка продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште заврши доказната постапка…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?