Страшна трагедија ги потресе жителите на Сараево откако маж ја уби својата поранешна сопруга во населбата Добриња, а потоа со нивната петгодишна ќерка побегнал.
Осомничениот Тарик Прусац бил лоциран и лишен од слобода во петокот околу 19:15 часот во областа на Стари Град.
Прусац бил пронајден во позната ќебапчилница каде што јадел со своето дете.
Петгодишното девојче е пронајдено неповредено и веднаш било згрижено од стручни служби.
Обвинителството потврди дека телото на убиената 41-годишна новинарка, Елма Годињак, ќе биде предадено на обдукција
Прусац работел како обезбедување, а според првичните информации, убиството го извршил со службен пиштол кој не смеел да го поседува надвор од работното време. Иако првично медиумите јавија дека е повреден и братот на жртвата, полицијата ги демантираше тие наводи, истакнувајќи дека нема други повредени лица.
