Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја удрил со ретровизор и починала: Обвинетиот бил слеп 99% и без важечка дозвола која во меѓувреме ја обновил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја удрил со ретровизор и починала: Обвинетиот бил слеп 99% и без важечка дозвола која во меѓувреме ја обновил
ХРОНИКА

Ја удрил со ретровизор и починала: Обвинетиот бил слеп 99% и без важечка дозвола која во меѓувреме ја обновил

Објавено August 1, 2025 10:57
Сподели
Сподели

64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, откако во неа удрил возач на товарно возило кој немал важечка дозвола и бил речиси целосно слеп. Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против лицето за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Р1103, на делницата Пепелиште – Неготино, кај местото викано „Лаки“. Обвинетиот управувал товарно возило „Ситроен Џампер“ со велешки таблички иако во тој момент не поседувал важечка возачка дозвола, таа му била со истечен рок.

Како што информира Обвинителството, обвинетиот „не обрнал внимание на пешаците кои се движеле покрај коловозот“ и со страничниот ретровизор удрил во главата на Ангелина Ангелова. Ударот бил фатален, жената паднала од патот, а добиените повреди, скршен череп, пршлени и повеќе коски, биле смртоносни.

Во соопштението се наведува и дека „на оштетената ѝ се констатирани одредени пропусти, бидејќи имала можност визуелно да го забележи возилото и да се отстрани“, но тие се оценети како секундарни.

Дополнителен шок во истрагата било откритието дека обвинетиот имал попреченост, слепило со 99% намалена видна функција, за што примал инвалидска пензија и додаток. И покрај тоа, тој управувал со возило, а во текот на истражната постапка успеал дури и да ја продолжи возачката дозвола.

Постапуваме по сите индиции што укажуваат на можна злоупотреба на документација и системски пропусти. Побаравме од ОВР Неготино да ги провери условите под кои обвинетиот добил возачка дозвола и инвалидска пензија, изјавија од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дуа Липа доби државјанство од Косовската претседателка
Следна Статија Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со 2,62 промили, возел на регионалниот пат Кавадарци – Возарци и излетал од патот

Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци – Возарци и излетал од патот.…

September 8, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен

Aвтобус на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) удрил во машко лице на возраст од околу 60 години денеска околу 11:45 часот…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
ХРОНИКА

ЦУК: Камион-цистерна удрил во карпи пред патарината кај Велес

Од Центарот за управување информираат дека за одрон на пат вчера имало пријава преку 112 во 17.06 часот. Добиена пријава…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?