Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот
ЗАБАВА

„Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот

Објавено April 3, 2025 19:30
Сподели
Сподели

Светски познатиот виртуоз на виолончело, Стјепан Хаусер кој беше дел од популарното дуо 2 Celos, и препознатлив по своите страсни изведби, го започна својот најголем и најхрабар проект досега „Музиката го обединува светот“ (Music Unites the World). Досега објавени има објавено 18 видеа, од исто толку земји.

Подгответе се за најголемата музичка кампања на сите времиња!!! МУЗИКАТА ГО ОБЕДИНУВА СВЕТОТ. Да видиме кои 5 земји ќе бидат најгледани, лајкувани и коментирани, кои топ 5 земји ќе имаат најголеми импресии!!! Ајде да видиме кој народ е најгласен и најгорд, вели Стјепан за време на најавата на неговиот предизвик.

Како дел од овој проект, Хаусер ја отсвири македонската песна „Јовано, Јованке“, за да ја претстави нашата земја со оваа песна. Досега„Јовано, Јованке“ има собрано 18,644 лајкови.

Сакам да докажам, еднаш засекогаш, дека музиката ги поврзува и обединува секоја нација, секоја култура и секој човек на оваа планета. Затоа решив да отсвирам по една песна од секоја земја. Проектот нема да престане додека не отсвирам песна од секој агол на светот, рече Хаусер, на почетокот на овој проект.

Народната „Јовано, Јованке“ е една од најобработуваните народни педни од домашни и странски изведувачи. Во песната се зборува за забранета љубов помеѓу двајца млади. Македонскиот пејач и текстописец Александар Сариевски ја изведувал традиционалната ерзија на песната во текот на својата музичка кариера (1946–2002). Песната ја имаат изведено и „Леб и сол“, Васка Илиева, дуетот Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, Тоше Проески, Наум Петрески и Анета Мицевска, Анастасија и други…

„Ту челос“ се распаднаа во 2018 година, кога членовите Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ тргнаа на различна страна. Лука се посвети на семејството, ќерката и сопругата, а Стјепан заплива во соло водите.

Виртуозите на виолончело, препознатливи по преработките на светските поп-хитови, истата година, приредија незаборавна вечер на концертот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макрон: Царините што ги објави Трамп се брутални и шокантни
Следна Статија Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нинтендо со официјален став за цензурата на играта Dispatch

Компанијата се осврнува на прашањето на визуелна цензура

January 31, 2026
ЗАБАВА

Професор има радикален план да ја подигне Венеција за 30 см: Тоа би му дало на градот грејс период од 50 години

Венеција е позната како „пловечки град“, но и како град што тоне. Во последните сто години, земјата под градот се…

May 5, 2025

Денешниот Wordle: Одговор и совети за 28 декември 2025

Еве неколку корисни совети и трикови за да го пронајдете точниот одговор во денешната Wordle загатка.

December 29, 2025
ЗАБАВА

Доаѓа Стара Нова година, па Василица- направете го ова за да ве прати среќа цела година

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?