Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јован Костадинов: Во тој момент не размислуваш на сопствениот живот, само гледаш да помогнеш – во Кочани херои беа сите што помагаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јован Костадинов: Во тој момент не размислуваш на сопствениот живот, само гледаш да помогнеш – во Кочани херои беа сите што помагаа
МАКЕДОНИЈА

Јован Костадинов: Во тој момент не размислуваш на сопствениот живот, само гледаш да помогнеш – во Кочани херои беа сите што помагаа

Објавено April 6, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале во спасувањето на повредените.

– На почетокот бев збунет, не знаев што се случува. Мислев дека е тепачка, но потоа  кога почна да излегува густ црн чад, сфатив дека е пожар. Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа таму, раскажува Јован за МИА. 

Вели дека таа вечер нема да ја заборави до крајот на животот и дека во тој момент не мислел на сопствениот живот, туку на тоа да спаси што повеќе луѓе. 

– Беше полошо од хорор филм. Нема да ја заборавам таа вечер до крајот на мојот живот. Во тој момент не мислиш на ништо друго, не размислуваш на тоа дека можеш да го изгубиш сопствениот живот, само гледаш да помогнеш, тогаш не ја гледаш опасноста. Во тие моменти има голем адреналин кај сите и не размислуваш за сопствениот живот, вели младиот Јован, кој е матурант во училиштето „Ванчо Прќе“ во Виница. 

Меѓу повредените беше и Јелена Арменска од Берово која успева да се спаси со негова помош. Таа неодамна се врати од лекувањето во Шпанија и за МИА раскажа за кобната вечер, за херојството на нејзиниот другар Јован кој ја спасил, како и за помошта од полицајците и обезбедувањето на клубот.

– Се спасив благодарение на Јован. За среќа имало Господ, јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите и обезбедувањето цело време се трудеа, се сеќава Арменска на кобната ноќ.

Таа била првично однесена во комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а оттаму нејзиното лекување продолжува во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде останува една недела. 

– Првите 10 минути бев свесна, потоа се онесвестив. Бев однесена на Токсикологија, па потоа на Карил, а од таму заминав во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде бев една недела. Таму беше страшно, имаше повредени на кои има беше направена пластична операција, раскажува Арменска.

Таа изрази благодарност до сите кои помогнале нејзината ,,голгота” да помине во најдобар ред, потенцирајќи ја и помошта од сопственикот на компанијата „Зегин“ Благоја Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата. Од оваа компанија најавуваат дека целосно ќе ја покријат станарината за младиот Јован кој најверојатно факултетот ќе го продолжи во Скопје. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Снег ја покри Србија: Температурата се спушти до нула степени
Следна Статија Ферстапен победи во Јапонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани

Премиерот Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oд ДУИ масовно споделуваат видео од Ахмети во униформа на УЧК, тој вели: Никогаш не сум изгубил војна

Од вчера ограноци и членови на ДУИ на социјалните мрежи споделуваат видео од Али Ахмети во УЧК униформа како врховен…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во среда нема ништо да се случи, многу брзо ќе дознаете за огромниот криминал на поранешни владини функционери

„Во среда нема ништо да се случи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска во Владата, запрашан за седницата на…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ОВА се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?