Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јокиќ исклучен, Денвер понижен, Никси го направија вториот брејк на теренот во Бостон (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Јокиќ исклучен, Денвер понижен, Никси го направија вториот брејк на теренот во Бостон (ВИДЕО)
СПОРТ

Јокиќ исклучен, Денвер понижен, Никси го направија вториот брејк на теренот во Бостон (ВИДЕО)

Објавено May 8, 2025 09:45
Сподели
Сподели

Оклахома Сити Тандер ги победија Денвер Нагетс со 149:106 во вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Денвер Нагетс го „украдоа“ натпреварот број еден во Оклахома и ги шокираа Тандер, но во вториот го најдобриот тим во лигата сурово се одмазди за тој пораз.

Го видовме најдоброто полувреме во историјата на кошарката, Оклахома имаше 87 за 24 минути, а на крајот од третата четвртина 124 и предност од речиси 50 поени. На крајот, имаше 43 поени разлика, а можеше да биде многу поубедливо.

Тие постигнаа 149 поени, рекорд на франшизата.

Во овој рекорден триумф каде што Оклахома постигна 149 поени, главниот кандидат за МВП Шеј Гилџис-Александар навистина се истакна со 34 поени, 8 асистенции, 11/13 од поле, а Тандер имаа +53 кога тој беше на теренот.

Џејлен Вилијамс придонесе со 17, Холмгрен со 15 и Хатерштајн со 14 поени.

Кај Денвер Никола Јокиќ го одигра најлошиот меч во кариерата, забележа 17 поени, осум скока и шест асистенции, но со него на теренот Денвер имаа -36. Инаку, Јокиќ поради шест лични грешки мечот го заврши во финишот на третиот период.

Расел Вестбрук постигна 19 поени, Џамал Мареј постигна 14, додека херојот на првиот натпревар, Арон Гордон, постигна 10 поени.

Џејлен Брансон погоди две слободни фрлања на 13 секунди до крајот, Мајкл Бриџис му ја украде топката на Џејсон Тејтум и Њујорк Никс славеа над Бостон со 91:90 и го направија вториот брејк во полуфиналната серија, во Источната конференција.

Вториот меч се одвоваше речиси по исто сценарио како првиот. Повторно, Бостон имаше огромно водство и повторно не успеаја да ја задржат разликата. Тие водеа цело време, кон крајот на третата четвртина и 73:53, но тоа не им беше доволно.

Во последниот дел, тие исчезнаа од теренот. Удрија во одличната одбрана на Никс, која им дозволи само 13 поени.

На другата страна од теренот, во финишот се разбудија Бриџис, Таунс и Брансон, кои не блескаа во поголемиот дел од натпреварот. Од резултатот од 86:76, тие направија серија 13:0, поведоа и на крајот заслужено славеа во драматична завршница.

Харт постигна 23 поени во победничкиот тим, додека Таунс постигна 21. Хероите на победата, Брансон и Бриџис, постигнаа 17, односно 14 поени.

На спротивната страна, Џејлен Браун постигна до 20 поени, како и Дилан Вајт. Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл со 13 поени и 14 скока.

Следниот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу петок и сабота на „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години
Следна Статија (Видео) Полски европратеник ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Савовски: Дуелот со Грција е еден од најважните летово

Македонската одбојкарска репрезентација од попладнево е во Атина, а утре го игра квалификацискиот дуел за Европското првенство против Грција. „Црвено-жолтите“…

August 12, 2025
СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Усик повторно го победи Фјури (ВИДЕО)

Украинецот Олександер Усик (37) го победи Британецот Тајсон Фјури (36) со едногласна одлука во реваншот неколку месеци по нивната прва…

December 22, 2024
СПОРТ

Кедев: Белите дробови и умот се клучни на големите височини

Д-р Сашко Кедев, кардиолог и искачувач на големи височини, во 2024 година постигна историски успех со искачување на четири врвови…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?