Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Објавено April 25, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да започне на почетокот на мај, соопшти Јавното обвинителство. Од таму информираат дека поради големиот број оштетени и засегнати лица, ќе следи дополнително известување со детали за распоредот и динамиката на испитувањата.

Обвинителскиот тим кој работи на предметот, како што велат од ЈО, интензивно презема итни и неодложни дејствија, кои во моментот вклучуваат сослушувања и координација на вештачења неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.

-Во тек е прибирање на сите потребни податоци и контакти од оштетените и семејствата на настраданите, како и информации за нивните полномошници. Во зависност од здравствената состојба на повредените и другите околности, обвинителството ќе ги извести сите засегнати навремено за нивното учество во постапката, стои во соопштението.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oткако не го уапсија Додик им покажа три прста
Следна Статија „Епл“ ќе го префрли производство на „ајфони“ од Кина во Индија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден починат во стан во Охрид

На 01.05.2026 во 17:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во стан во Охрид, починат бил П.С.(76) од Ресен.…

May 2, 2026
ХРОНИКА

Воз удрил во патничко возило во Велес

Во Велес вчера се случила железничка несреќа, воз удрил во патничко возило. Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка попладнево: Загинаа две лица на скопска раскрсница

Нова трагедија на скопските улици. Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи пред малку на…

May 23, 2025
ХРОНИКА

Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово

Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица,…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?