Институтот за национална безбедност (NSI) при Универзитетот Џорџ Мејсон во САД, преку својот блог The SCIF, објави дел од анализата на Николаус Роледер, соработник на NSI и Илија Тозија, генерален директор во Genesis, за инфраструктурното, економското и политичкото влијание во Југоисточна Европа.
Југоисточна Европа е коридор што го поврзува Медитеранот со Централна Европа, природен пат кој со векови е во фокусот на големите сили и каде се прекројува европскиот баланс на моќ.Денес контролата врз овој коридор не се врши со војска, туку преку инфраструктура.
Гасоводи, пристаништа, железници и дигитални мрежи создаваат долгорочни зависности што тивко го обликуваат политичкото однесување на државите, стои во анализата.
Ова не е изолирана појава. Ова е систем.
Ова го нарекуваме „layered dependency stack“, систем од меѓусебно поврзани инфраструктурни слоеви кои со текот на времето се засилуваат еден со друг и колективно ги обликуваат економските резултати и политичкото однесување.
-Русија и натаму испорачува гас преку TurkStream, над 30 милијарди кубни метри годишно.
– Кина има доминантна контрола врз 🇬🇷 грчкото пристаниште Пиреја, влезна точка од Медитеранот, и гради коридори кон Централна Европа преку железници и автопати до Будимпешта, додека во исто време инвестира над 10 милијарди евра во
-Србија во стратешки енергетски и инфраструктурни капацитети.
Тука станува збор за присуство во клучните слоеви на системот, енергетика, логистички и транспортни коридори, дигитална и телекомуникациска инфраструктура и индустриски синџири поврзани со европските пазари.
Преку овие слоеви се обликува политичкото однесување на државите, а со тоа директно се влијае врз кохезијата на трансатлантскиот сојуз како целина.
Секој слој функционира со своја логика, но заедно создаваат структура на влијание што со време станува тешко реверзибилна.
Кохезијата на НАТО и ЕУ не мора да се наруши преку формални политички одлуки. Таа може да еродира преку создавање инфраструктурни зависности, тивко, постепено и со долгорочни последици. За Вашингтон, ова е тест.
Дали ќе учествува во обликувањето на системите, или ќе се прилагодува на нив.
Оваа анализа е дел од пошироко истражување кое ќе биде објавено низ серија текстови. Авторите се заджуваат на неколку илустративни примери, додека подеталната анализа на енергетските, финансиските, логистичките и дигиталните текови следува.
