Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Објавено November 21, 2025 16:42
Сподели
Сподели

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ.

„Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите коишто се евидентирани во системот на МФ и да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата“, рече министерката за финансии.

Таа потенцира дека преку мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна како што е предвидено со Буџетот за 2026 година и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит.

Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60% од БДП порано од 2028 година како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.

Таа потенцира дека во ставките за плати и пензии се предвидени средства согласно законските решенија и дека ќе има раст на минималната плата.

Во гостувањето најави дека во Министерството за финансии веќе се работи на објавување на нова емисија на Граѓанска обврзница и дека тоа ќе биде наскоро.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење
Следна Статија Заем од 1 милијарда долари за повторно отворање на нуклеарната централа Три Милји Ајленд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Межеван од Светска банка: Македонија има потенцијал, потребни се структурни реформи

Македонија има значителни можности да го забрза економскиот раст, да ја зајакне конкурентноста и да го подобри животниот стандард преку…

July 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните се „дават“ во кредити, за што најмногу се задолжуваат?

Македонските граѓани најмногу се „заглавени“ во потрошувачки и станбени кредити. Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во ноември повисоки за 19 милиони евра во однос на октомври

На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?