Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка
СВЕТ

Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка

Објавено September 6, 2025 18:47
Сподели
Сподели

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг денеска наложи итна реакција по апсењето на стотици јужнокорејски граѓани во фабрика за батерии на „Хјундаи мотор“ во американската сојузна држава Џорџија.

Министерот за надворешни работи Чо Хун соопшти дека е формиран кризен тим и најави дека, доколку е потребно, ќе отпатува во Вашингтон за разговори. – Длабоко сум загрижен и чувствувам голема одговорност за апсењата на нашите граѓани, изјави Чо на вонредна владина седница.

Американската служба за имиграција и царина (ICE) потврди дека биле приведени околу 475 работници, меѓу кои повеќе од 300 Корејци, при најголемата операција на Министерството за внатрешна безбедност на едно место. Во акцијата биле вклучени хеликоптери и оклопни возила.

Официјални лица во Џорџија изјавија дека компаниите мора да вработуваат странски работници само на законски начин. – Оваа операција испраќа јасна порака дека оние што ја злоупотребуваат системот ќе сносат одговорност, изјави специјалниот агент Стивен Шранк.

„Хјундаи“ најави дека ќе ги провери своите подизведувачи, додека „LG Energy Solution“, која го гради објектот заедно со „Хјундаи“, потврди дека 47 нејзини вработени и околу 250 работници од подизведувачи се меѓу уапсените. Компанијата ги стопираше службените патувања во САД, освен за состаноци со клиенти.

Случајот може дополнително да ги влоши односите меѓу администрацијата на Доналд Трамп и Сеул, кои веќе се соочуваат со несогласувања околу трговскиот договор што вклучува 350 милијарди долари корејски инвестиции во САД.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорческа победничка на турнирот во Слобозија
Следна Статија Меџити: Бујар нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин со пет услови за завршување на војната во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе…

May 28, 2025
СВЕТ

Победата на Трамп ќе ги прекине кривичните постапки против него

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во основа ќе ги прекине кривичните постапки против него, барем на четири години…

November 6, 2024
СВЕТ

„Kрвавите раце“ на УСАИД дојдоа и во САД

Полицијата во Америка приведе 20 отпуштени вработени во УСАИД кои заедно со активисти одржаа протест пред зградата на Конгресот. Легнаа…

February 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?