Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини
ПОЛИТИКА

Љупчо Марковски-Калц, Мишко Барзов и Тони Симиќ меѓу носителите на листи на ЗНАМ во скопските општини

Објавено September 13, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на прес-конференција ги претстави носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во Градот Скопје. Најголемото внимание го привлече одлуката генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генералштабот на АРМ, да ја предводи советничката листа во главниот град.

Портпаролот на движењето, Никола Мемов, истакна дека изборот на носители на листи е резултат на месеци работа и доверба изградена со граѓаните.

– Зад нас се месеци исполнети со посветена работа на терен, во кои илјадници граѓани ни ја доверија својата визија за подобар живот во своите општини – рече Мемов.

Тој објави дека ЗНАМ ќе настапи со свои листи во 53 општини, плус Градот Скопје.

– Оваа бројка е доказ дека ЗНАМ е најбрзо растечкото движење во Македонија. Нашата визија за чесна и посветена политика ја обедини енергијата на граѓаните од целата држава – додаде Мемов.

Во Скопје, меѓу носителите на листи се најдоа познати имиња од спортот, медицината, правото и стопанството. Во Аеродром ќе ја предводи листата Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, додека во Центар носител е м-р Крумислав Мишко Барзов, магистер по спортски менаџмент и автомобилски експерт.

Во Карпош носител е проф. д-р Јасмин Циривири, врвен хирург ортопед од ГОБ „8 Септември“, во Бутел – кошаркарот Ѓорги Станко Чековски, а во Ѓорче Петров – Тони Симиќ, легендарниот центар на македонската кошаркарска репрезентација. Носителот во Гази Баба е поранешниот полициски началник и економист Зоран Доневски, во Кисела Вода е стопанственикот Сашо Петровски, а во Чаир е адвокатот Николче Наумов.

За градот Скопје, Мемов го претстави генерал Горанчо Котевски како носител.

– Човек кој целиот свој живот го посвети на одбраната и безбедноста на државата. Денес, тој ја носи визијата за развој на нашиот главен град – срцето на Македонија – нагласи портпаролот на ЗНАМ.

На градската листа се најдоа и професори и јавни личности како проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, актуелен ректор на Европски универзитет, проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, урбаниот претприемач Мире Јанев – Миро Плеј, но и спортски легенди како Марин Докузовски.

– Тоа е нашата најголема гаранција дека ветувањата ќе станат дела, дека ќе изградиме поуредени општини и подобар квалитет на живот за сите – порача Мемов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп ги измеша „лончињата“: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан
Следна Статија Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Првични резултати: Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ 1543, СДСМ 527, Бутел 1422 со 276, во Ѓорче е 3 спрема 1

ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од неколку општини. Во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ има 1543 гласа пред СДСМ кој има 527.…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Не ни помислувајте на предвремени избори, по локалните ќе правиме чистка на криминалот

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков за Апасиев: Навредите од евро-лакомиот левичар се најдобар доказ дека вистината го боли

Ви реков дека Димче не е тоа што беше, му требаа цели два дена да напише нешто. Тоа што навредува…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Со овој тим, ВМРО-ДПМНЕ ќе победува и на следните избори

Новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?