Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

Објавено April 22, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3000 луѓе вработени во културата во 120 институции.

Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес, но нагласи дека е првпат со консензус од сите чинители односно пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Посочи дека околу 6 отсто ќе биде во просек зголемувањето на платите кај сите вработени и дека процентот ќе биде согласно двата колективни договора.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител Љутков рече дека не било пријатно вработените во културата да се остават без плати за време на празниците и за тоа им се извинил, но, рече, „тоа еднаш мораше да се реши“.

Појасни дека досега платите се исплаќале според Колективниот договор потпишан во 2019 година помеѓу синдикатите СКРМ и СОНК со Министерството за култура кој, рече, бил „набрзина донесен“ и без согласност од Министерството за финансии. Поради тоа, за да обезбедат покачувања во однос на минималната плата, во наредните години институциите крателе од буџетот наменет за програмите. Како што рече Љутков, неодржливо е дури 81 отсто буџетот да оди за плати, а 19 отсто за програми.

-Тоа е неодржливо и ова е најправилниот начин како да се реши. Зголемувањето кое е направено е и според Општиот колективен договор, и според Посебниот колективен договор, и според закон, бидејќи првпат се усогласуваме сите. Досега секое исплаќање било незаконски зашто немало согласност од Министерството за финансии за колективен договор и тоа значи дека треба сами да си ги обезбедувате средствата од внатре. И секогаш растеле платите, се намалувала продукцијата, немало средства за капитални, ни за обични инвестиции ќе нема и на тој начин ќе дојдеме до ситуација да нема ни за плати. Сега, на овој начин на кој ќе ги исплатиме платите, конечно се решава четиригодишниот проблем, рече Љутков во гостувањето во ТВ Сител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
Следна Статија Телото на папата Франциск ќе биде преместено во базиликата Свети Петар за јавноста да му оддаде почит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дедо Наце на 103 години одликуван за придонесот во НОБ

Во чест на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска го посети 103-годишниот Наце Петрушевски…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Минчев поднесе претставка за дискриминација при вработување во Општина Липково

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, како физичко лице, граѓанин, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд,…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, радост за децата на припадниците на Армијата

Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки…

December 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?