Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Објавено April 22, 2025 21:28
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.

Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.

Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Koга ќе има бел чад над Ватикан?
Следна Статија Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во…

May 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси

Во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси. „Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот.…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?