Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

Објавено August 5, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи: Едикојси против Петрета Андреевски или „Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?! “, на својот фб профил најави дека на 18 август ќе ја посети меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица.

Тој порача дека таму оди не само како поединец, туку како глас на сите оние што не се согласуваат културното наследство да се заборава, запоставува и распаѓа.

На 18 август ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност – Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Одам не само како поединец, туку како глас на сите оние што не се согласуваат културното наследство да се заборава, запоставува и распаѓа.

Сакам со свои очи да видам во каква состојба се наоѓа просторот што треба да биде светилиште на македонскиот дух и збор.

Иако оваа поставка формално не е под ингеренции на Министерството за култура, како министер чувствувам одговорност да реагирам и да делувам – затоа што кога станува збор за великан како Петре М. Андреевски, културната должност е над административните граници.

За жал, морам да истакнам дека до овој момент, до мене како министер за култура не е пристигнато никакво официјално обраќање или известување во врска со условите во кои се наоѓа оваа поставка. Оваа информација за првпат ја добив преку социјалните мрежи. Тоа зборува за погрешна комуникациска практика која мора да се надмине – институциите постојат токму за ваквите прашања.

Истовремено, ја информирам јавноста дека Министерството за култура презема обврска да обезбеди траен, соодветен и институционално признат простор за презентација на ликот и делото на Петре М. Андреевски во рамки на Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје.

Овој простор ќе овозможи достоинствена поставка на ракописи, лични предмети и архивски материјали на Андреевски, пристапност за истражувачи, студенти и граѓани и институционална грижа и заштита на неговото културно наследство.

Верувам дека ова не е само чин на оддавање почит, туку и исправување на долгот кој македонската култура го има кон еден од своите највеличествени творци.

Петре М. Андреевски не е само писател. Тој е дел од духовниот темел на нашата држава. Неговото дело мора да биде зачувано таму каде што му е местото, во срцето на нашата културна меморија“, стои во објавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
Следна Статија Разоткриена мрежа на шверцери – купувале цигари на фришоп во Грција и ги пренесувале со цистерна со нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Кос

Прес конференција на премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко

Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 2,5 милиони денари интервентно ќе се заштитува Македониумот, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?