Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“
МАКЕДОНИЈА

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Објавено July 20, 2025 11:23
Сподели
Сподели

Сашенка Тодоровска, ќерката на еден од најголемите македонски актери – Гоце Тодоровски, со потресна објава ја разбуди јавноста и ја посочи суровата реалност во која живее нејзиниот татко – доајен на театарската уметност, кој, и покрај пет децении посветеност на културата, денес преживува со пензија од само 36.000 денари.

„Легендо моја и на целиот македонски народ…“ – започна таа, споделувајќи фотографија од младоста на актерот, а потоа го разоткри лицемерието на институциите што со години делат признанија, но не и вистинска поддршка.

„Национална пензија не му дадоа. Само признанија и наградички – колекционер на хартија стана,“ пишува таа, посочувајќи дека нејзиниот татко, член на некогашната „Златна плејада“ на македонскиот театар, останал без институционално признание и поддршка од државата.

Во својот емотивен статус, таа прашува: „Зарем судбината на вакви луѓе треба да зависи од тоа кој е на власт? Кој седи во комисија? Срамота е.“

И покрај здравствените проблеми, Гоце Тодоровски, вели таа, сè уште неуморно се дава, сè уште е присутен и активен во културниот живот, но – незабележан од оние што одлучуваат.

Сашенка остро предупредува и за поширокиот општествен проблем – исчезнувањето на вистинските вредности: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“

Нејзиниот апел доаѓа во момент кога сè повеќе уметници и јавноста бараат итна ревизија на критериумите за национални пензии, кои, наместо да бидат симбол на благодарност и признание, сè почесто се претвораат во алатка на селективна правда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Инцидент во Косово: По расправија за паркинг, се врати со калашников и испука рафал пред фирма
Следна Статија Ликвидиран припадник на Шкаљарскиот клан во Подгорица – убиен со осум куршуми во кафуле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Детален водич) Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Од 12 октомври официјално стапува во сила новиот систем за влез и излез од ЕУ – наречен EEС. Системот ќе…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за ЕУ интеграцијата: Не сум авантурист, додека јас ја водам Владата, вака конципирани уставни измени нема да има

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека уставни измени нема да има без добиени гаранции од Брисел, односно, како…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Протестот не е против Македонија – обвинетите во Хаг придонеле за развојот и стабилноста на државата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот што беше организиран во Скопје во поддршка на поранешните лидери на ОВК, изјави…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протоколарни прашања и запознавање: Заврши средбата на Историската комисија

Заврши средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Денешната средба во Скопје е прва…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?