Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ
МАКЕДОНИЈА

Ќе жежи и во септември: Пред нас е долго жешко лето со повремени бури, велат професорите од ПМФ

Објавено June 26, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и август се очекуваат топлотни бранови, особено во втората половина од месецот, кога ќе има и поголема опасност од пожари поради фазата на созревање на вегетацијата. Веќе денеска дневните температури ќе го надминат 40-тиот степен, а во петок попладне кон сабота (27/28 јуни) се очекува нестабилност. Нова дестабилизација на времето се очекува околу 3 и 4 јули.

Професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје во најновиот климатски билтен до којшто дојде МИА, наведуваат дека во јули и август се очекуваат периодични топлотни бранови со умерен интензитет, помалку екстремни од 2024 година, но и засилување на сушните услови особено во втората половина од овие два месеца. Сепак, професорите укажуваат дека опасноста од интензивни суши ќе биде поумерена во однос на минатата година. 

Летото 2025 покажува одредени синоптички и динамички сигнали кои укажуваат на поволни услови за развој на нестабилности, за разлика од минатогодишниот изразен сушен и екстремно топол карактер. Имено, излезите од повеќе метеоролошки модели укажуваат на понизок притисок над југоисточна Европа и повисок притисок над северните делови на континентот, што создава услови за формирање на синаптико-динамички образец на циркулација со засилено Атланско влијание. Тоа, од метеоролошки аспект, подразбира зголемена веројатност за летни нестабилности, односно повремени грмежливи процеси, локални врнежи и атмосферска динамика. Иако трендот на температурите е за 1 до 2°C над просекот за сезоната, не се детектираат јасни сигнали за значаен дефицит на врнежи, што дава одредена веројатност дека опасноста од интензивни суши и шумски пожари би била поумерена во споредба со минатата сезона, посочуваат професорите.

И според прогнозите од ECMWF и Коперниковата служба за климатски промени (C3S), просечната температура во јули и август може да биде повисока за 1 до 2 °C над климатската норма (1991–2020), особено во низинските и урбаните подрачја. Количините на врнежи ќе бидат блиску до нормалата, но нивната распределба ќе биде нерамномерна. Зголемена ќе биде веројатноста за краткокрајни, но интензивни локални непогоди.

Сезонски прогнози на ЕУ-Коперникус добиени од C3S multi-системот за отстапувањето на температурата, врнежите, притисокот сведен на морско ниво и температурата на површина на морињата за тримесечниот период, јули-август септември 2025 година

Според професорите Спиридонов и Милевски, топлотните бранови нема да бидат толку долготрајни како минатото лето, туку пократкотрајни, но поекстремни, односно со повисоки температури. 

Затоа е неопходна добра подготвеност на соодветните здравствени установи, со почитување на препораките на здравствените работници, во поглед на заштита од високи температури. Важно е да се напомене дека сувите услови и топлотните бранови можно е да доведат до други проблеми, како недостиг на вода, особено во земјоделските области. Локалните невремиња, иако не се очекува да бидат екстремни и во голем обем, можат да предизвикаат привремени проблеми. Прогнозите покажуваат можни појави на локализирани поројни поплави, со зголемен ризик за руралните подрачја во подножјето на планинските падини, но и за некои урбани подрачја. Посебно зголемен ризик се очекува во почетокот на месец јули и во месец август, наведуваат двајцата професори.

За да се минимизираат ризиците, препорачуваат следење на официјалните метеоролошки извештаи и предупредувања, особено од Управата за хидрометеоролошки работи.

Очекувањата се дека во втората половина од јули и август постои зголемен ризик од пожари во шумските и руралните области од земјава. 

Со оглед на високите температури, скромните врнежи и намалената влажност, условите ќе бидат поволни за ширење на пожари, особено во јули и август, кога традиционално е пикот на пожарната сезона. Покрај климатските фактори, човечките активности, како запуштени земјоделски површини и намалена одржливост на шумите, дополнително го зголемуваат ризикот. Особен ризик од појава на пожари ќе има вдолж патиштата кои минуваат низ пониските и посушни делови на државата, во близина на шумски комплекси, особено од четинарски тип, се вели во климатскиот осврт на двајцата професори.

Професорите во изјава за МИА велат дека летото не треба да се гледа исклучиво како климатска закана, туку и како повик за навремено препознавање на ризиците, стратешко дејствување и градење капацитети за прилагодување.

Со научно заснована проценка на ризикот, со ефикасна интерсекторска соработка, како и со добро координирани превентивни активности, можеме навремено да ги минимизираме последиците од климатските екстреми. Тоа би помогнало во следните аспекти – заштита на човечките животи и јавното здравје преку подготвени системи за рано предупредување и јавна информираност, намалување на економските загуби, особено во земјоделството, енергетиката и шумарството, јакнење на институционалната отпорност и промовирање на научните и иновативни сознанија и одржливи политики и практики што ќе обезбедат долгорочна прилагоденост кон климатските предизвици, нагласуваат двајцата професори.

Целиот осврт може да се погледне на следниот  линк .

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот
Следна Статија Снимена планета оддалечена 110 светлосни години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Не се препорачува евакуација по копнен пат од Катар и ОАЕ, 473 македонски државјани контактирале со ДКП

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Мазут со многу нечистотии доставуван во ТЕЦ Неготино, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот

ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 утврдил низа нерегуларности. Раководството на претпријатието…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?