Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци
ЕКОНОМИЈА

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци

Објавено November 19, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува досегашното ослободување од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Од Министерството за финансии појаснуваат дека мерката има цел да ја зајакне домашната економија, да ги поддржи локалните компании и да стимулира отворање нови работни места.

Од МФ истакнуваат дека укинувањето на ослободувањето од ДДВ ќе го пренасочи дел од прометот кој досега одел кон странските онлајн платформи. Според нивните процени, околу 4 милиони денари месечно ќе останат во домашното стопанство, што ќе придонесе за раст на локалните фирми, подобрување на условите за работа и зголемување на платите на вработените.

Во Министерството нагласуваат дека новите правила ќе помогнат и во намалување на сивата економија. Досегашниот систем, велат тие, дозволувал можност за злоупотреби – увезени стоки без платен ДДВ понатаму се продавале на домашниот пазар. Со измените се спречува оваа практика и се обезбедува пофер и поконтролирана пазарна средина.

Од МФ уверуваат дека дополнителниот трошок за пресметка и наплата на ДДВ нема да го почувствуваат граѓаните, па затоа не се очекува поскапување на производите за крајните потрошувачи. Мерката, како што посочуваат, воспоставува фер конкуренција меѓу домашните и странските онлајн продавници.

Со усвојувањето на измените, државата испраќа јасен сигнал дека стои зад компаниите кои создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и генерираат нови работни места во земјата, порачуваат од Министерството за финансии.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
Следна Статија По пријава на Лајка, АХВ одзеде куче кое било држено во нехумани услови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за темпото на изградбата на автопатиштата…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Каде ќе се движи градскиот воз? Николоски сподели видео на Фејсбук

„Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица.“…

November 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка се залага за финансиска вклученост на лицата со попреченост: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид

Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги.…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Банките имаат повеќе од два месеца да ги променат условите за кредитите за прв стан

Банките имаат повеќе од два месеца за подготовка и проценка за примена на новите правила на Народната банка при давањето…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?