Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По пријава на Лајка, АХВ одзеде куче кое било држено во нехумани услови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Uncategorized > По пријава на Лајка, АХВ одзеде куче кое било држено во нехумани услови
Uncategorized

По пријава на Лајка, АХВ одзеде куче кое било држено во нехумани услови

Објавено November 19, 2025 15:53
Сподели
Сподели

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.

Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба – екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.

Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка”.

На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.

Овој случај силно нè потсетува дека:

  • Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување”.
  • Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.
  • Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.
  • Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.

Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, од власта уверуваат дека нама да има дополнителни трошоци
Следна Статија Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Куче што намирисува дрога скокна врз чилеански адмирал

Необичен инцидент се случи за време на настан на чилеанската морнарица посветен на борбата против трговијата со дрога. Полициско куче…

May 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нов закон за миленици – казни до 400 евра за несоодветно чување кучиња, до 5.000 евра за мачење

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви значајни измени на законската рамка за заштита на животните, со кои се воведуваат построги…

May 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

АХВ за градоначалникот на Крива Паланка: Ако сакаше, досега ќе го решеше проблемот со кравите

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната…

February 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формула за доенчиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?