Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години
ЕКОНОМИЈА

Андреа Серафимовски реизбран за претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија и во наредните 5 години

Објавено November 19, 2025 15:24
Сподели
Сподели

Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на  Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој.

На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски, член на УО на ГД „Гранит“ АД Скопје. Изборот претставува признание за неговата стручност, деловна посветеност и континуиран ангажман во унапредување на градежниот сектор кој има значајна улога во економскиот раст и инфраструктурниот напредок на земјата.
Здружението ја реафирмира својата заложба да продолжи да делува во интерес на компаниите-членки и целокупната индустрија, преку следење на состојбите на пазарот, унапредување на законската регулатива и создавање предуслови за предвидлива, стабилна и поттикнувачка бизнис-клима. Во оваа насока, Здружението и во иднина ќе продолжи активно да соработува со надлежните институции, стручните организации и другите релевантни чинители, со цел креирање политики што ќе обезбедат одржлив раст и развој на секторот.

Во рамките на утврдените приоритети, во следниот период на работењето на Здружението уште повеќе акцентот ќе биде ставен на унапредување на процедурите за јавни набавки и инвестициски процеси, подобрување на техничките и безбедносните стандарди во градбите, поттикнување на иновациите и модернизацијата во производството и градежните практики, како и промовирање на одржливи и енергетски ефикасни решенија.

Здружението останува доследно на својата мисија да придонесува во развивање силен, конкурентен и современ градежен сектор, кој претставува столб на економскиот и општествениот развој.

На седницата на Здружението за градежништво, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, советник на претседателот за инфраструктура и економски развој која воедно е дел од Кооординативното тело за унапредување на секторот градежништво заедно со Серафимовски, најголемите градежни компании од Македoнија и високите претставници од Кабинетот на Претседателот на Владата на РСМ, во името на Стопанската комора на  Македонија и во име на претседателот на Комората, Бранко Азески му додели ПРИЗНАНИЕ на Андреа Серафимовски за особен придонес, несебично вложување и остварување прогрес на активностите како претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По пријава на Лајка, АХВ одзеде куче кое било држено во нехумани услови
Следна Статија Ако ги имате овие хороскопски знаци покрај себе – имате среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За 10 години Македонија платила над 7 милијарди евра за храна од странство

Македонските потрошувачи во последните години се соочуваат со се повисоки цени на основните производи. Овој тренд е особено забележлив со…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Речиси 2 милиони патници за само половина година на двата македонски аеродроми

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата…

July 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека се согласува оти нашата земја треба да има поголем извоз, отколку увоз.…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Економска криза во Јапонија: Падот на Јенот и предизвиците

Повисоките каматни стапки се единственото решение за спречување на падот на Јенот, но тоа носи ризик од фискална криза

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?