Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор
ЕКОНОМИЈА

ЌЕ ПАДНАТ ЛИ ЦЕНИТЕ: „Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Објавено January 12, 2026 14:15
Сподели
Сподели

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлука дека „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, е најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.

Од АЕК за МИА изјавија дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 е 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 – 2,32 милиона евра.

По уплатата ќе може да се издаде одобрението, а компанијата може да стартува со работа теоретски веднаш, односно да побара пристап преку мрежите на постоечките оператори до изградба на своја инфраструктура.

Првиот критериум што ќе треба да го исполни новиот оператор е до крај на март 2027 година еден град да покрие со 5 Г, до крајот на 2028 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Носителот на одобрението мора да започне со користење на доделените радиофреквенции најдоцна во рок од 1 година од датумот на отпочнување на важност на одобрението. Во областите каде што има слаба или воопшто нема покриеност, доколку носителот на одобрението планира да гради нов сајт ќе мора да ги консултира и останатите оператори за заедничко инвестирање. Исто така операторот ќе мора да обезбеди пристап до пасивна инфраструктура врз основа на разумно барање од други оператори.

Според условите на тендерот почетокот на сервисот е до крајот на 2026 година, така што по носењето на официјалната одлука од страна на АЕК ќе почнеме со официјален процес на воспоставување нова мобилна мрежа во Македонија. Најдоца до крај на 2026 година мора да почнеме операција во најмалку еден град во Македонија, може да биде и порано, но тоа е краен рок кој го користиме како ориентација за нашите плански активности, изјави Бране Ѓуровиќ, извршен директор на ОНЕ Македонија, на 22 август минатата година, по отворањето на понудите на тендерот а на кој беа едиунсвен понудувач.

Рокот на важност на одобренијата за користење радиофреквенции А1 и С1 ќе биде 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 – 8 години, до 2033 година, поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператора.

Од АЕК велат дека влезот на третиот мобилен оретор во државава ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле„ ДООЕЛ Скопје и од „е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

На македонскиот пазар моментно работат „Македонски телеком“ АД Скопје и „А1 Македонија“ ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните оператори „Лајкамобајл“ ДООЕЛ Скопје, „Мтел“ ДООЕЛ Скопје, „Роби“ ДООЕЛ Штип и „Греен телекомуникации“ ДОО Прилеп.

Заклучно со третиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.105.467. Резиденцијални припејд-претплатници се 833.089, резиденцијалн постпејд 1.024.072, а деловни постпејд 248.306.

Според податоците на АЕК за третиот квартал лани, „А1 Македонија“ има 47,41 проценти удел во вкупниот број претплатници, „Македонски телеком“ – 46,68 проценти, „Мтел“ – 4,55 проценти, „Телекабел“ – 1,27 процент, а „Греен мобиле“ – 0,10 проценти. Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година „Македонски телеком“ има удел од 49,49 проценти, „А1 Македонија“ – 48,58 проценти, „Мтел“ – 0,93 проценти, „Телекабел“ – 0,79 проценти, а „Греен мобиле“ – 0,11 проценти. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп предлага ограничување на каматните стапки на кредитни картички на 10%
Следна Статија Мицкоски: Проекти за трајна промена во Неготино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски

Кулминираше борбата за превласт во Сојузот на стопански комори. Извршната директорка Сузана Јаневска преку свој приватен меил соопшти дека било…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови намалени цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со најновите цени на горивата кои ќе почнат од важат од полноќ 06-ти мај.…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела

Просечната потрошувачка кошничка нема да служи нити за креирање на јавно мислење, ни за политиканство како што претходно се правело,…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?