Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско-Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско-Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови
ЕКОНОМИЈА

Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско-Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови

Објавено December 11, 2024 10:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ во делот на инфраструктура посочи дека најголем дел од проектите ги задвижиле во позитивна насока, укажувајќи дека за разлика од претходно, сега се градат автопатите.

Ако гледаме што се случуваше еве шести месец можам да кажам дека најголем дел од проектите ги задвиживме во позитивна насока, за еден зборувавме од делницата Врбјани до Охрид тие 40тина километри практично ќе очекувам оваа туристичка сезона да се возат а компаниите кои работеа на таа делница не им беа платени фактурите од ноември месец 2023 година. Сега се тековни тие фактури, значи зборам па да не претераме некаде 70-80 милиони долари, објасни Мицкоски.

Потоа, делниците кои се дел од коридорот 8 и 10д, ја споменавте Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола покрај тоа што беа исплатени 15 милијарди денари аванс на терен реално немаше никакви работи, ништо не се случувало. Денеска веќе имаме фронт од 30-40 километри вкупно на двете делници. Ако земете дека сето тоа е 110 километри сите 4 делници зборам Гостивар- Букојчани, Требениште-Ќафасан, Прилеп-Битола и Гостивар-Тетово тоа значи дека ние работиме на отворена траса на 40 километри. Е сега Требениште-Ќафасан немаме отворена делница бидејќи 90 проценти е приватно земјиште и е во периметарот на заштитеното земјиште според УНЕСКО. Што се однесува до Тетово-Гостивар треба да се направи пат кој што кога ќе почнат активностите на овој пат кој што е постојан ќе ги сервисира граѓаните. Можете да замислите што ќе се случува во лето рече премиерот Мицкоски и додаде дека експресниот пат до Крива Паланка до крајот на годината ќе биде готов.

Еве експресниот пат од Чатал од Страцин конкретно преку Длабочица до Крива Паланка до крај на година ќе биде готов. Од Градско-Дреновска Клисура-Фариш ќе биде готов, има една карпа која треба да се третира, од прилика до март април следната година ќе биде готов, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
Следна Статија Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал впишани 2 876 хипотеки врз недвижности

Во периодот април - јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Двојно поголема наплата: Рекордни 247 милиони денари од концесии

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи.…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?