Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се бира „Мис Македонија 2025“: Ова се деталите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќе се бира „Мис Македонија 2025“: Ова се деталите
ЗАБАВА

Ќе се бира „Мис Македонија 2025“: Ова се деталите

Објавено July 23, 2025 16:42
Сподели
Сподели

По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата за првпат доби своја претставничка на изборот за Miss Universe во Мексико, годинава следува ново, уште поголемо издание на оваа манифестација која полека прераснува во традиција.

Финалната вечер на „Мис Македонија 2025“ ќе се одржи на 25 септември во Националната Опера и Балет во Скопје, а за првпат, наместо една, ќе бидат избрани пет победнички, кои ќе ја претставуваат Македонија на пет различни интернационални сцени: Miss Universe, Miss World, Miss Cosmo, Miss Grand International и Miss Supranational.

„Минатата година покажавме дека Македонија има капацитет да организира манифестација од светски ранг. Оваа година одиме чекор понатаму, со повеќе можности за нашите девојки и со амбиција ова да стане настан кој секоја година ќе го става фокусот врз македонската убавина, култура и потенцијал“, вели Шакир Села, главен организатор на изборот.

Минатогодишниот избор беше прв настан од ваков тип организиран во државата на професионално ниво, со внимателна селекција, медиумска поддршка и сценска продукција според светски стандарди. Оваа година се очекува уште поголем интерес, како од потенцијалните кандидатки, така и од јавноста и бизнис-заедницата.

Апликациите се веќе отворени!

Пријавувањето е достапно за сите девојки од Македонија кои имаат желба и амбиција да се натпреваруваат и да станат дел од оваа престижна манифестација.

Крајниот рок за апликации е 1 септември 2025.

Линк за апликација: https://www.missnorthmacedonia.com/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Просечната нето-плата во мај 45.796 денари
Следна Статија САМО ВО МАКЕДОНИЈА: Ване Цветанов се луксузирал на сметка на државата, а си ја ангажирал и вереницата за надворешен соработник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Необично пријателство во Гевгелија: Штркот Мишко е маалско милениче, а неговиот најдобар другар е кучето Мицка

Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од…

April 29, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Нов бизарен тренд: Кинезите масовно купуваат цуцли за возрасни

Во свет каде што ништо повеќе не нè изненадува, се чини дека секогаш нè чека некоја нова бизарност. Најново? Младите…

August 7, 2025
ЗАБАВА

НАСА испраќа први GPS сигнали на Месечината, за воведување лунарна навигација (ВИДЕО)

Иако моментално нема збунети туристи кои го бараат својот пат од точката А до точката Б на Месечината, прецизната навигација…

March 10, 2025
ЗАБАВА

„Сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување“ – Весна Петрушевска реагира на коментарите по објавата на аферата со Бранко Црвенковски

Актерката, Весна Петрушевска, реагира на коментарите со кои се соочи, откако во поткаст обелодени дека пред години имала афера со…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?