Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: “СОНУВАВ ХРАНА“: Орландо Блум слабе 14 килограми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > “СОНУВАВ ХРАНА“: Орландо Блум слабе 14 килограми
ЗАБАВА

“СОНУВАВ ХРАНА“: Орландо Блум слабе 14 килограми

Објавено August 16, 2025 10:41
Сподели
Сподели

Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кеjти Пери, мораше драстично да ослабе за својата нова улога во филмот „The Cut“, а јавно проговори за процесот.

Ѕвездата од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ ослабе точно 14 килограми и признава дека самиот е изненаден од она низ што поминал.

Во филмот, тој игра поранешен боксер кој се обидува да се врати во рингот, па затоа е јасно зошто морал да го прилагоди својот изглед на новата улога.

„Она што не го очекував беше психолошкиот данок што го зема оваа дисциплина. Се чувствував параноично и вознемирено, што дополнително беше влошено од недостатокот на сон, а не можете да спиете кога сте гладни“, призна Блум.

Тој не бил сам во овој процес, туку бил под надзор на нутриционист три месеци. Редовно му правеле проверка на крвната слика за да се осигура дека e добро и дека неговото здравје не е во опасност.

Неговата исхрана била строго контролирана, а кон крајот на снимањето морал да го ограничи внесувањето вода за да постигне најниска можна тежина за последните сцени, пишува Индекс.хр.

„Почнав опсесивно да размислувам за храна и да сонувам што ќе јадам кога ќе ја завршам диетата со туна и краставица“, отворено рече актерот.

По завршувањето на снимањето, тој постепено се врати на својот стар начин на живот, полека враќајќи ги вообичаените навики во исхраната и чувството за рамнотежа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп
Следна Статија Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Кристијан Голубовиќ си купи нов „Јагуар“, а ќе инвестира и во фарма со пилиња

Кристијан Голубовиќ излезе од реалното шоу „Фармери“ како победник и со чек од 20.000 евра плус хонорар за деветмесечен престој…

July 6, 2025
ЗАБАВА

Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија

Викторија Џонс, ќерка на познатиот американски актер Том Ли Џонс, е пронајдена мртва во хотел во Калифорнија во раните утрински…

January 2, 2026
ЗАБАВА

Нема место за Безос: Граѓаните на Венеција против свадбата на милијардерот

Граѓаните на Венеција се собираат за да протестираат против свадбата на основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата избраничка, Лорен…

June 8, 2025
ЗАБАВА

Македонска ракија се пиеше во студио на австралиска телевизија, погледнете ја реакцијата на водителката (ВИДЕО)

Во утринската програма на австралиската телевизија „7news“, водителите пробаа ракија на празен стомак, нешто кое се применува и низ Македонија.…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?