Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Објавено February 20, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката, објави „Сакам да кажам“.

Според информациите во текстот градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје.

Сендвичарата „Кинг бургер“ пред дваесетина години беше меѓу најпопуларните места за брза храна во Скопје. Откако беше затворена, со години објектот стоеше празен и запуштен.

Пред неколку години во напуштениот објект изби пожар.

Од Општината велат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04, Дом на градежници, донесен на 28 јануари 2021, пишува интернет медиумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Зеленски уби американски новинар!
Следна Статија Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел

Премиерот Христијан Мицкски денеска се обрати пред членовите на постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО каде истакна дека ова…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спасовски ги отфрла наводите за пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!

Попладнево Министерството за внатрешни работи информираше дека е поднесена кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон: Посветени сме на заштитата на националните интереси

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?