Ќе се стимулира плаќањето патарини со тагови

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие за државни патишта со цел да нема застој на патарините и протокот на возила да биде побрз, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој истакна дека се прави напор проектот во висина од 12 милиони евра кој бил во застој да продолжи, со што на патарините ќе има повеќе тагови на кои ќе се наплаќа со трансакциска картичка, која нема да мора да се надополнува на одредени места.

-Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува,вели Трајановски.

Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде моногу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие

Сподели ја оваа статија