Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески
ЕКОНОМИЈА

Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески

Објавено May 29, 2025 15:10
Сподели
Сподели

Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава.

Славески подвлече дека Централната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабуилност и поддршка на политиките на Владата.

Се разбира законските надлежности се дефинирани, тоа е ценовна стабилност што за Република Македонија би значело ниска и стабилна инфлација и финансиска стабилност кои ќе бидат поддршка на амбициозните политики на Владата затоа што и една друга цел на Народната банка е да ги поддржува политиките на Владата и тоа ќе бидат основните приоритети. Јас ќе се фокусирам заедно со моите советници јадрото на функциите или основните функции на Централната банка кои ги наведов. Во изминатиот период нормално тоа беше на некој начин поттикнато од надвор од однесувањата на Светска банка и други централни банки, централните банки да ги шират своите надлежности, интереси на одредени прашања, кои се наметнуваат од поширок социјален интерес како на пример зелена енергија и слично јас мислам дека тоа треба да се остави на другите институции и Централната банка да се фокусира на трите основни цел – посочи Славески.

Додаде дека очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курст, но дека тој како професионален економист го следи и реалниот девизен курс.

Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс кој зависи од односот на нашите домашните цени и цените со нашите трговски партнери пред се оние во еврозоната. За жал во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти – изјави Трајковски.

Појасни дека тоа значи губење на конкурентноста на македонската економија.

Република Македонија станува поскапа за нашите трговски партнери тоа го погодува извозот, еве ни претстои туристичка сезона во нашите туристички центри имаме и откажувања на аранжмани со изговор од агенциите од странство дека Република Македонија станала релативно скапа земја. Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамкиите на онаа во еврозоната со која е врзан денарот – смета тој.

На прашањето дали по стабилноста на курсот на денарот веднаш ќе биде воведен флексибилен девизен курс рече дека во никој случај нема да се случи тоа.

Ако е преценета вредноста со ниска инфлација во рамките на таа од еврозоната со тек на времетоо ќе се испеглаат тие разлики -посочи Славески.

Собранието синоќа Трајко Славески го именуваше за гувернер на Народната банка на Република Македонија. За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против.

Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за независноста на институцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски испрати јасна порака: Без Македонец во бугарскот комитет за малцинства – нема Бугари во Устав
Следна Статија Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка

Граѓаните и компаниите на Македонија Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора наскоро ќе можат брзо да плаќаат во…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците

„Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто

- Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на…

May 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?