Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата
ХРОНИКА

1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата

Објавено June 12, 2025 13:54
Сподели
Сподели

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи веледрогерии АД Д-р Пановски и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – картел при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од таму велат дека се работи за јавна набавка која во 2016 година е распишана од страна на Министерството за здравство на Република Македонија при што двете веледрогерии спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата склучиле забранет договор-картел со кој свесно и со намера да се стекат со противправна имотна корист на штета на државата го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата при откривање и документирање на овој картел го имала во предвид домашното законодавство, но и судската пракса на Европската унија.

„За учество во предметниот картел Комисијата со решението изрече прекршочни санкции глоба и тоа на АД Д-р Пановски во износ од 1.061.000 евра и на Фарма Трејд ДООЕЛ 721.000 евра. Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата“, соопшти Комисијата.

Од таму велат дека за откриениот картел ќе поднесат соодветно известување до Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство заради натамошно постапување од нивна страна во соодветна кривична постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати
Следна Статија (Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Татко ми и Велибор имаа спор, вели ќерката на убиениот Панче Жежоски

Ќерката на убиениот Панче Жежовски, Ана Киркова, денеска сведочеше на судењето за убиството на Вања и Панче. Таа изјави дека…

October 14, 2024
ХРОНИКА

Работник се бори за живот, откако падна од зграда која се гради во „Треска“

Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа, објави порталот СДК.мк.…

November 2, 2024
ХРОНИКА

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во…

November 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?