Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност
ХРОНИКА

11-годишниот ученик кој падна од највисокиот кат на училиштето во Прилеп е надвор од животна опасност

Објавено January 21, 2025 17:02
Сподели
Сподели

11-годишниот ученик од шесто одделение во Прилеп се наоѓа на лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, откако вчера попладне, за време на големиот одмор, паднал од највисокиот кат на училиштето „Гоце Делчев“. Од училиштето го опишуваат ученикот како дисциплиниран, трудољубив, дружељубив и примерен, со одличен успех и поведение.

Настанот се случил околу 14:35 часот, при што ученикот се здобил со тешки повреди, вклучително скршеници. По несреќата, веднаш била повикана Итната медицинска помош, која го транспортирала до прилепската болница „Борка Талески“. По првичните испитувања, ученикот бил префрлен на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Директорката на училиштето, Снежана Котева, информира дека веднаш по инцидентот, вработените реагирале брзо и навремено. „Ученикот беше контактибилен, свесен за времето и просторот. По одредени испитувања во прилепската болница, беше препорачан транспорт во Скопје. Според последните информации од дежурниот лекар, ученикот е во стабилна здравствена состојба, надвор од животна опасност, и покрај повредите,“ стои во соопштението од училиштето.

Котева истакна дека училиштето ги почитува сите безбедносни протоколи и дека дежурните наставници совесно ја извршуваат својата должност.

„Вработените го почитуваат кодексот на однесување и одговорно ги исполнуваат обврските,“ се додава во соопштението.

Настанот предизвика загриженост кај јавноста, но од училиштето уверуваат дека се преземени сите потребни мерки за поддршка на ученикот и неговото семејство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Одговорно тврдам дека не постојат мои роднински врски со сопствениците на „Праеториан“
Следна Статија Македонија изигра нерешено против Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Притвор му бил одреден на неготинец под сомнеж за лихварство, кривична пријава за насилство била поднесена против неговата невенчана сопруга.…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Во Австрија уапсен 18-годишник по потекло од Македонија, сакал да направи бомба за терористички напад

Австриски државјанин со македонско потекло, на возраст од 18 години, е уапсен во неделата при обид да влезе во Австрија.…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Лишени од слобода 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера. Информираше дека уапсени се…

October 19, 2025
ХРОНИКА

Три жени пронајдени починати во одвоени случаи

Три жени биле пронајдени починати во текот на вчерашниот ден. Два случаи се во Аеродром, а еден во скопско Средно…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?