Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 12 години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > 12 години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство
Blog

12 години затвор за Стојанче Јовановски за семејно насилство и наведување на самоубиство

Објавено May 7, 2026 13:09
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална единствена казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години затвор за „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“. Сите три дела се споени во вкупна максимална затворска казна од 12 години.

Според пресудата, на 2 март, во периодот од 11:00 до 12:20 часот, на повеќе локации, обвинетиот со умисла вршел семејно насилство и телесно ја повредил својата сопруга Ивана. Истиот ден, меѓу 12:45 и 13:35 часот, тој продолжил со насилството, сериозно ѝ се заканувал и ѝ предизвикал чувство на несигурност и страв. Овие закани биле упатени откако со патничко моторно возило „БМВ“, управувано од сведокот Мартин Саздов, отишле до основното училиште „Песталоци“ за да ја земат нивната ќерка Катја, по што се упатиле кон нивниот дом.

Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него.

Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа извршила самоубиство, скокајќи од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Европската Унија воведува дигитални возачки дозволи и построги правила за возачите
Следна Статија Раст на сексуалното насилство во ЕУ и Македонија: Кај нас во 2024 имало 131 случај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

ОПЕК+ ќе го зголеми производството на нафта и покрај заситеноста на пазарот

Осум земји-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласија да го зголемат производството на нафта на 548.000…

July 5, 2025
Blog

ЕУ им изрече казна од 458 милиони евра за 15 производители на автомобили

Европската комисија објави дека изрекла казна од околу 458 милиони евра на 15 големи производители на автомобили од Европската асоцијација…

April 2, 2025
Blog

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти

Граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации, апелираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и информира дека…

October 5, 2024
Blog

Работниците во сите фабрики на „Фолксваген“ во Германија утре излегуваат на штрајк

Вработените во „Фолксваген“ ќе започнат предупредувачки штрајкови во понеделник во погоните низ Германија, соопшти синдикатот ИГ Метал, што го означува…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?