Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Објавено April 12, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и рибарот.

На Велики четврток, животот го загубија Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, другари од Радишани на возраст од 18 до 21 година, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „опел омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судењ.

На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

На 15 септември 2023 година Врховниот суд конечно ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.

Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце-Елез Хан, со едно застанување
Следна Статија Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туризам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!

Суверенитетот на државите мора да се почитува – неприфатлива е секоја изјава против или дејствија кои ги поткопуваат овие принципи,…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако јавноста е против, нема да биде потпишан договорот за паркингот на Клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски, ја коментираше ситуацијата околу паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дека преку јавно-приватно партнество…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа

На денешен ден 30 септември во 2018 година се одржа референдум за смена на уставното име на Република Македонија со…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?