Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски
МАКЕДОНИЈА

15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

Објавено March 21, 2025 13:35
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

При досегашните проверки, контатирано е дека од над 1.100 издадени лиценци, проверени се 643 до овој момент.

Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците.

Изразено во бројки тоа значи:

на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови, соопшти министерот за транспорт Николоски.

Воедно Николоски најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката
Следна Статија Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сорос фрлале пари и за „шарената“ девојка која „спонтано“ се шминкаше пред штитот на полицаецот

Новиот заменик директор на ФБИ Ден Бонџино во својата анализа посеветена на финансиите на фондацијата на Сорос во Македонија се…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор

Од Основниот суд Кочани за МИА потврдија дека е определена мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?