Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег
ЗДРАВЈЕ

160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег

Објавено March 11, 2026 14:42
Сподели
Сподели

Треба да се зголеми јавната свест за органодарителството особено за трансплантацијата од починато лице. Направени се измени на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување со цел да се олесни пристапот до донор и да се зголеми прагот односно да може да донираат и подалечни роднини.  Се разгледува и можноста за донорска картичка која ќе значи дека волјата на секој ќе биде таа која ќе доминира откако тој ќе почине, а не членовите на семејството, имајќи предвид дека во последните месеци има серија одбивања од семејства за давање согласност за донирање.

Ова беше истакнато денеска на прес-конференција по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот, што се одржа на Универзитетската клиника за нефрологија.

Директорот на Клиниката, Никола Ѓорѓиевски рече дека 160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег, но активни се под 100, со оглед на тоа што некои имаат одредени коморбидитети и потребно е да направат дополнителни испитувања. Тој посочи дека трансплантацијата е бенефит за целокупното општество. Во европските земји, појасни, бројот на трансплатирани пациенти е 50 до 60 проценти, а во Македонија е само 13 до 14 проценти од вкупниот број.

– Сумата која се троши за хемодијализа е неспоредлива. Во првата година идентично чини пациент кој е на хемодијализа и на бубрежна трансплантација, но наредните години кога ќе имаме комплетна рехабилитација на трансплантираниот пациент цената се намалува за три до четири пати. Во Македонија ако има во една година и десет и 20 кадаверични трансплантации ние сме подготвени да ги направиме. Имаше ситуации кога жена може да донира на сопруг, но прв братучед не може да донира бидејќи е четврто колено. Во таа насока се тие измени за да се направи за трансплантација од жив донор да се зголеми прагот односно колената кои можат да трансплантираат – истакна д-р Ѓорѓиевски.

Светскиот ден на бубрегот годинава се одбележува под мотото „Здрави бубрези за сите, да се грижиме за нашите пациети, да се грижиме за нашата средина“.

– Околу 180.000 жители имаат бубрежно заболување во државава од кои само еден процент побаруваат бубрежна замастителна терапија. За изминатиот период 1.500 пациенти во Македонија се на хронична хемодијализа, 300 пациенти се со трансплантиран бубрег, а 20 се со перитонеалната дијализа. Како клиника, заедно со Владата и со Министерството за здравство работиме да се унапреди процесот на бубрежна трансплантација. Со донирање органи овозможуваме овие пациенти да добијат нов живот и да имаат целокупна, медицинска, социјална и психичка рехабилитација – рече д-р Ѓорѓиевски и упати апел за зголемување на јавната свест за органодарителството особено за трансплантацијата од починато лице.

Националниот координатор за трансплантација Билјана Кузмановска рече дека и годинава даваат посебен акцент на бубрежната трансплантација. Имаат седум болнички координатори, национален координатор, и заменик национален координатор и ги следат постојано потенцијалните дарители. За жал, потенцира таа, во последните месеци има серија одбивања од семејствата за давање согласност на донори кои беа комплетно обработени и погодни за трансплантација.

– Жално е кога се подготвувате неколку денови да трансплантирате, сите тимови се подготвени, а на крај семејството нема да даде согласност. Апелираме секој да си размисли за себе, да разговара со своето семејство, да го искаже својот став во однос на органодарителство после смртта. Нема ништо поблагодарно и поблагородно од тоа да се спаси човечки живот во момент кога еден човечки живот згаснува. Размислуваме да се впуштиме во поголеми активности, кампањи како директно со граѓаните и преку медиумите за зголемување на свеста за органодарителство. Во подготовка се и измени на законот за трансплантација, каде покрај тоа што стои во него дека сите сме потенцијални донори би дозволиле и донорска картичка, односно регистар на донори, па кога ќе дојдеме во ситуација да разговараме со семејството сепак волјата на починатиот да биде таа која ќе доминира, а не волјата на други луѓе. Еден донор може да спаси осум животи – истакна д-р Кузмановска.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека се направени измени на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

– За жал, моменталната законска регулатива е многу комплицирана, а комплициран е и начинот да се дојде до донор. Го зголемуваме нивото за тоа кој може да биде жив донор односно може да се оди плус едно ниво подоле на таа линија на семејна врска. Мислам дека законот до крајот на април ќе биде во собраниска процедура и дека ќе биде изгласан и дека со тоа ќе биде олеснет пристапот до донор. Се ангажираме во здравствениот систем за граѓаните да имаат поголема доверба. Многу поквалитетен живот имаат пациентите кои имаат трансплантиран бубрег отколку пациентите на хемодијализа. Како држава одвојуваме 25 милиони евра годишно за хемодијализа. Загрижувачки се фактите дека листата на чекање на пациенти кои имаат потреба од дониран бубрег се зголемува, а се намалува листата на потенцијални донори. Затоа апелираме да се зголеми свеста за органодарителство – рече Алиу.

Тој додаде дека од техничка и инфраструктурна гледна точка се многу блиску до европските стандарди за ваков тип клиники и дека ќе продолжат да инвестираат во човечки капацитите, во инфраструктура и во технологии за да може граѓаните во реално време да добиваат здравствени услуги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него
Следна Статија Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дигитално здравство, со електронско досие за секој пациент, најави Алиу

Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни…

March 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Двајца млади скопјани со мајмунски сипаници: Случаите не се поврзани, не патувале надвор од државата, едниот хоспитализиран

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“

Неврохирургот проф. Маурицио Јаконаџели, од болницата „Торете“ во италијанскиот град Анкона, откри неверојатна приказна за 64-годишен пациент кој преживеал два…

August 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ова се најсмртоносните вируси кои се пренесуваат преку храна, СЗО објави листа

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Светската здравствена организација (СЗО) соработуваа на нов извештај кој ги…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?